16 најстари зачувани примери на секојдневни предмети - Part 2

16 најстари зачувани примери на секојдневни предмети

9. Најстариот градник (стар 500 години)

Овој градник се користел помеѓу 1390 и 1485 година во Австрија. Постојат поранешни историски описи за „вреќа за гради“, но никогаш не биле видени.

9-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

10. Најстарата протеза (стара 3.000 години)

Таа се користела за да му помогне на некој во Египет повторно да оди. Тестовите кои биле направени, покажале дека протезата била практична и функционирала.

10-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

11. Најстарата чанта (стара 4.500 години)

Овие кучешки заби се сè што останало од распаднатата чанта, која била пронајдена во Германија. Тие се најверојатно дел од надворешната страна на чантата.

11-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

12. Најстариот кондом (стар 370 години)

Кондомот од овча кожа се користел во 1640 година во Шведска. Реупотребливиот кондом имал инструкции (на латински), да се чисти со топло млеко за да се спречи заразувањето од сексуални болести.

12-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

13. Најстарата гума за џвакање (стара 5.000 години)

Гумата за џвакање од Финска, била изџвакана пред околу 5.000 години. Таа се состоела од брезова кора, а најчесто се користела за да се лечат усни инфекции или пак се користела како лепило.

13-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

14. Најстарата запишана мелодија (стара 3.400 години)

Најстарата сочувана запишана мелодија била пронајдена во Угарит, кој сега е дел од Северна Сирија. Музиката била напишана за лира (инструмент сличен на харфа).

14-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

15. Најстарата монета (стара 2.700 години)

Најстарата монета била пронајдена во древниот старогрчки град Ефес во Турција. Монетата има само една украсена страна со лик на лав.

15-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk

16. Најстариот глобус (стар 510 години)

Овој глобус бил изгравиран на површината на јајцето од ној во Италија. Пред да се потврди староста и потеклото, во Лондон 2012 година, глобусот на еден пазар за мапи бил продаден на сегашниот сопственик.

16.1-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk 16.2-16-najstari-zachuvani-primeri-na-sekojdnevni-predmeti-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар