16 митови од Интернетот во кои треба да престанете да верувате - Part 3

16 митови од Интернетот во кои треба да престанете да верувате

11. Зелката во Кина е синтетичка

Изгледа дека се навикнавме на помислата дека сè може да биде синтетичко, а оваа зелка направена од некоја течна супстанца изгледа навистина реално. Се разбира, ова не се продава како храна. Оваа лажна зелка е всушност модел кој се користи во рестораните во Кина, Кореја, Јапонија и некои други држави.

12. Шварценегер ја поминал ноќта до неговата статуа

16 митови од Интернетот во кои треба да престанете да верувате

Откако Арнолд Шварценегер се пошегува на неговиот Инстаграм профил изјавувајќи „Како се менуваат времињата“, фотографијата беше споделувана со целосно нова приказна. Според оваа легенда, актерот не можел да најде хотел па ја поминал ноќта надвор до неговата статуа. Се разбира, Шварценегер не преноќил надвор и фотографијата не е направена до хотел, туку до конференциска сала, а статуата го прикажува Арнолд во неговата најдобра форма.

13. Барак Обама позира до заспан човек во метрото

Ова е уште еден пример како некој може да употреби 2 фотографии и да направи една која изгледа премногу реално. Фотографијата е дело на Инстаграм корисникот Average Rob кој прави неверојатни фотоманипулации.

14. Растопен автомобил во САД поради жешкото време

16 митови од Интернетот во кои треба да престанете да верувате

Оваа фотографија е реална, но не поради временските услови во Аризона. Автомобилите навистина се растопиле, но поради пожарот што бил во близина.

15. Бабата на Меланија била пилот од Советскиот Сојуз

16 митови од Интернетот во кои треба да престанете да верувате

„Бабата“ дури беше крстена Олга Орлиф, презиме што им звучи чудно на сите коишто се запознаени со руските презимиња. Секој што ги сака филмовите од 50-тите ќе познае дека на фотографијата е Џенет Леи која глумела руски шпион во филмот „Џет пилот“ (Jet Pilot).

16. Сираче од Ирак ја нацртало мајка му и заспало врз неа

16 митови од Интернетот во кои треба да престанете да верувате

Многумина плачеле на оваа фотографија бидејќи според описот овде е прикажано девојче од Ирак кое ги изгубило родителите. Толку ѝ недостасувала мајка ѝ што ја нацртала и заспала врз цртежот. Но, ова девојче има мајка, татко па дури и братучедтка која ја направила фотографијата. Покрај тоа, девојчето е од Иран, а не од Ирак. Братучедтката на девојчето изјавила дека таа си играла на улицата, се изморила и заспала до нејзините цртежи со креда. Бидејќи не сакала да го испушти моментот, ја направила фотографијата.

Погледнете и во кои митови веруваме благодарение на моќта на рекламите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар