16 факти за Индија кои ќе ве натераат веднаш да ја посетите
13. Би требало да го знаете ова
Во Индија нема централен систем за топла вода. Во хотелите со 3 ѕвезди има бојлери, а на другите места водата се топли „рачно“. Можно е да нема ни тоалетна хартија – најчесто се користат тушевите во тоалетите. Во гостинските куќи и хотелите има тоалетна хартија.
И покрај стереотипите дека Индија е валкана, домовите се секогаш многу чисти. Овде нема канализација, но нема да се соочите со тој проблем во местата каде што има многу туристи. Не заборавајте, Индија може да биде многу различна и секој регион е посебен. Нештата што ќе ги видите во мал град се целосно различни од нештата во големите.
14. Не заборавајте да бидете благодарни
Во кафетериите и рестораните е во ред да оставите бакшиш, од 3% до 10%. Истото важи и за масерите. Локалните деца сакаат пенкала, слатки и парички. Туристите често се жалат дека послугата во хотелите и кафетериите не е гостопримлива. Но, имајте на ум дека луѓето овде работат премногу, а тоа има влијание на нивното расположение. Како и да е, локалните жители секогаш ќе бидат радосни кога ќе ве видат.
15. Кино
Индијците се навистина талентирани луѓе. Овде се снимаат над 1.600 филмови секоја година. Индија прави повеќе филмови од која било друга држава во светот, а филмовите се прикажуваат во над 90 држави.
16. Уште неколку интересни факти
- Мобилните мрежи и Интернетот се многу евтини во Индија.
- И другите работи се евтини. На пример ручек со пилешко или риба би ве чинел околу 1 евро, а шолја чај чини помалку од 20 центи. Храната и пијалаците се многу поевтини од речиси целиот свет.
- Овде нема да имате проблем со јазикот доколку разбирате англиски. Индија е втората држава во светот по САД според бројот на жители што зборуваат англиски.
Каде да одите?
Изборот зависи од она што сакате да го правите.
- Нуркање, пливање, риболов: Островот Сент Џорџ.
- Нуркање за искусни, потонати бродови: Островот Гранд
- Богат подводен свет: Островот Нетрани
- Лекување, ајурведа: Керала
- Спа центри: Јужниот дел од Гоа.
- Забави, ноќни клубови: Северниот дел од Гоа.
- Најдобри плажи: Западна Индија, Гоа.
- Историја: Делхи.
Доколку патувате со партнерот, не заборавајте да ги посетите овие 10 егзотични места во Индија.