15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат
Нашиот регион е многу убав. Полн е со прекрасни места кои би било убаво да се посетат, а овде пишуваме само за 15 од нив. Овој пат ќе ги изоставиме убавините на Македонија, затоа што добро ги знаете. Ќе ги изоставиме и преубавите грчки и хрватски острови, затоа што се безброј, а и нив веќе добро ги знаете. И за Истанбул и Дубровник веќе имате доволно информации зошто треба да се посетат. Затоа ќе ви сугерираме на некои помалку популарни места кои би требало да ги имате предвид ако сакате да патувате и подобро да го запознаете нашето поднебје.
1. Белград
И Белград е добро познат и веќе е доста популарен, но сепак мора да се спомене од две причини: таму има многу што да се види и е многу блиску до Македонија, така што патувањето до таму би било доста евтино. Градот веќе важи за една од европските престолнини со најдобар ноќен живот. Покрај тоа полн е со знаменитости, од кои секако најбитна е глетката од Калемегдан.
2. Плитвице
Може да се спори дали ова е најубавото место на Балканот или тоа се јадранските и грчките острови, но секој ќе се сложи дека ова е местото кое е изгледа како да е излезено од бајките. Се наоѓа во близина на Загреб и не е тешко да се посети од Македонија.
3. Метеора
Мистичните предели на Метеора значително се разликуваат од сликата која секој од нас ја има за Грција. Наместо за плажи и море, овој пат се работи за огромни карпести формации на чии врвови се сместени православни манастири. Тие се извишуваат над гратчето Каламбака, недалеку од Кожани и Лариса.
4. Крка
Хрватскиот национален парк Крка не е светски познат како Плитвице, но неговата природа може исто толку да ги воодушеви посетителите. Тие обично се најзаинтересирани за водопадите кај Скрадински Бук и за Висовац, мало островче во реката Крка на кое што има преубав манастир. Националниот парк се наоѓа во близина на Шибеник.
5. Сараево
Сараево е град каде што се мешаат многу култури од кои тој го црпи својот шарм. Религиозната разновидност се огледа во архитектонските стилови кои се среќаваат во градот, а за локалното население веќе знаете дека е секогаш пријателски расположено. Луѓето таму сакаат времето да го минуваат надвор од дома, па иако Сараево не е голем град, тој е многу жив.
Kade e Makedonija na Balkanot ili mozebi na Mars kaj nas ima mnogu ubavi mesta koi zasluzuvaat vnimanie i posetenost mnogu poveke od nekoi gorenavedeni avtorot ako nema informacii ili poznavanje neka ne potencira Balkanot kako celina ako vo nego ne se vbroeni site Balkanski ubavini . Osven ako spored nego nema ubavini kaj nas …. sto bi znacelo deka treba da si go preispita vkusot 😀
Си пишува убаво во воведот. Овој текст не е за убавините на Македонија.
Kade e Dubrovnik ? 🙂
Во Хрватска 🙂