Претходно
15 работи што ја црпат вашата енергија и 15 работи што ви даваат сила
Познатиот психолог Михаил Лабковски опиша неколку ситуации во кои ја губиме силата и неколку од кои црпиме енергија. Дали се согласувате?
Ја губиме силата кога:
- Велиме „да“ додека сакаме да кажеме „не“
- Се насмевнуваме, наместо да плачеме
- Не одмораме
- Се принудуваме да издржиме уште малку, наместо да се запрашаме: „Зошто го толерирам тоа?“
- Се навредуваме, наместо да кажеме што ни пречи
- Не си ја гледаме нашата работа
- Некој не ни е интересен, но продолжуваме да комуницираме со него од некои замислени причини
- Остануваме покрај луѓе кои гледаат сè од негативната страна
- Постојано зборуваме за политика, сметки, сообраќаен метеж итн.
- Озборуваме
- Често и со многу емоции разговараме за тоа како живеат другите
- Работиме здодевна работа
- Се плашиме
- Чекаме некој друг да дојде и да го промени нашиот живот
- Се критикуваме себеси, сметајќи се за безвредни, некомпетентни, несреќни
Добиваме сила кога:
- Запознаваме нови луѓе
- Стекнуваме нови знаења
- Патуваме
- Ги надминуваме нашите стравови
- Пробуваме нешто ново
- Пешачиме (ова не го вклучува одењето на работа или до продавница, туку бесцелни прошетки што предизвикуваат задоволство)
- Сме креативни
- Се дружиме со добри луѓе
- Поминуваме време со луѓе кои нè поддржуваат и веруваат во нас
- Се занимаваме со нашето тело (каква било физичка активност, сауна, базен)
- Го расчистуваме физичкиот простор (сетете се како се чувствувате во реновирана просторија)
- Го расчистуваме емотивниот простор (сетете се како се чувствувате кога ќе простите некому и ќе кажете збогум)
- Велиме „не“ кога сакаме да кажеме „не“ и велиме „да“ кога сакаме да кажеме „да“
- Почнуваме да го правиме она што сакаме
Прочитајте ги овие 20 реченици што ќе повикаат позитивна енергија во вашиот живот.