За ваша безбедност: 15 работи кои мора да ги имате во вашиот автомобил за време на зимата
Времето надвор е студено. А вам секојдневно ви е потребен вашиот автомобил за одење на работа и движење низ градот. Во продолжение ви откриваме кои 15 работи треба секогаш да ги имате во вашиот автомобил за време на зимските месеци, со цел да бидете добро подготвени.
1. Ќебе
За сите оние студени вечерни возења – или во случај да ви замрзне греењето.
2. Кибрит и факел
Ова е сè уште најдобриот начин како да повикате помош на патот.
3. Дополнителна течност за шофершајбната
Таа мора да содржи антифриз за да може да се спротивстави на потенцијалниот снег и мраз.
4. Стругалка за мраз
За секој случај, доколку течноста за стакло ве изневери.
5. Очила за сонце
Никогаш немојте да го потценувате отсјајот на сонцето во снегот.
6. Преносен полнач за мобилен телефон (или УСБ кабел)
Затоа што после три итни телефонски повици и две пораки батеријата се намалува на 14%.
7. Помошни кабли
Студените ноќи може да предизвикаат проблеми со акумулаторот.
8. Лопата
Можеби и најважната работа која ви е потребна во автомобилот кога неочекувано ќе падне снег.
9. Ракавици
Надвор е студено, а вие мора да го исчистите снегот околу автомобилот.
10 Лед светилка
Никогаш немојте да се потпирате само на вашиот мобилен телефон за осветлување.
11. Сол
За сите заледени области на кои можете да налетате.
12. Енергетска чоколада
Нема ништо полошо од тоа да бидете гладни и заглавени во сообраќајот на -10 степени.
13. Вреќичка песок
Чувајте ја во багажникот како дополнителна тежина (и влечење) на лизгав пат.
14. Шише вода
Хидратацијата е нужна секогаш и во секој момент, особено ако постои можност да се заглавите во снегот и студенилото.
15. Кутија со прва помош
Никогаш не можете да знаете што сè може да се случи поради условите на патот, па затоа и секогаш треба да бидете подготвени.