15 неверојатни факти за Дубаи
Дубаи е блескав град и нуди една од најспектакуларните урбани глетки на планетата. Тој постојано расте и се поврзува со нафта, богатство, луксуз и шопинг, но покрај тоа има и некои други интересни работи за него кои вреди да се знаат.
1. Секој четврти кран на оваа планета во моментов се наоѓа во Дубаи. Постојано се гради нешто.
2. За вештачките острови во форма на палма кои се изградени на брегот на градот се донесени 94 милиони кубни метри песок. Тоа е доволно за 2,5 пати да се наполни зграда како Емпајр Стејт Билдинг.
3. Со златото од хотелот Бурџ Ал Араб може да се изработат 46.265 златни рамки за Мона Лиза.
4. Секој полициски автомобил во Дубаи троши повеќе пари за одржување на годишно ниво отколку еден студент во некоја од поразвиените држави.
5. Дури 85% од луѓето кои во моментов се во градот се доселеници кои се таму на привремена работа. Најчесто доаѓаат од Индија, Пакистан и Бангладеш и работат во нехуманите услови на градежните компании.
6. Скапи роботи се користат за трки со камили. Порано децата се користеле како џокеи, но тоа ја зголемило трговијата со деца од сиромашните земји и затоа денес камилите за трки ги јаваат роботи во вредност од 300 до 10.000 американски долари.
7. Бурџ Калифа е толку висока зграда што некои од станарите мораат да чекаат подолго при рамазанските пости. Причината е тоа што сонцето подоцна заоѓа за оние од погорните катови.
8. Ако Бурџ Калифа се наоѓаше во Скопје, ќе можеше да се види дури од Штип. Скопје и Штип се оддалечени 89 километри, а оваа зграда е видлива и на 95 километри оддалеченост.
9. Дури 40% од целокупната светска трговија со злато во 2013 година се случила во Дубаи. Се тргувало со 2.250 тони злато. Тоа е тежина отприлика колку 354 слонови.
10. Таму веќе се гради и нов град чија клима ќе биде контролирана од човекот. Тој град се наоѓа на 4,5 километри од Дубаи и зафаќа површина за два пати поголема од онаа на Монте Карло.
11. Дубаи во 2013 година го посетиле 11 милиони туристи. Овие луѓе би можеле да населат град кој би бил 12-ти најнаселен во светот и трет најнаселен во Кина.
12. Дури 39% од хотелот Бурџ Ал Араб мора да биде отстапен на технологијата заради одржување на температурата. Само во останатите 61% гостите можат да престојуваат.
13. Дневното производство на нафта на Дубаи изнесува 50.000-70.000 барели. Тоа е доволно за целокупните потреби од нафта на Македонија за период од 2,5 до 3,5 дена. Во 1991 година ваделе и по 400.000 барели нафта дневно, што би ги задоволило нашите денешни потреби за 20 дена. Инаку Дубаи е само еден од седумте Обединети Арапски Емирати.
14. Вкупното богатство на четирите милијардери од Дубаи според листата на Форбс изнесува 18,7 милијарди долари. Тоа е речиси седум пати поголема сума пари отколку онаа во Буџетот на РМ за 2015 година.
15. Дубаи треба да гради и сопствен забавен парк кој ќе се вика Дубаиленд. Предвидено е да чини 64,3 милијарди долари, за шест пати повеќе од вредноста на хуманитарната фондација на Емирот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.