15 нешта кои без сомнеж секоја жена ги заслужува

15 нешта кои без сомнеж секоја жена ги заслужува

Факт е дека даваме отчет за сѐ што правиме. Дали на момчињата или на мајките, ние секогаш даваме отчет за нешто. Без разлика што сме вработени со убави плати, независни и се грижиме сами за себе, како да има некое универзално и непишано правило според кое жената е должна постојано некому да одговара. Иако повеќе не сме во 19-ти век каде што жената нема никакви права, сепак традицијата сѐ уште има свое влијание. Оваа листа ќе ве потсети дека без разлика колку животот станува комплициран, сепак не смееме да заборавиме да се ставиме себеси на прво место.

Two Girls Having Fun on the Beach

1. Да носиме костим за капење каков што сакаме

Без разлика дали сме јаболко, круша или некоја друга форма, имаме апсолутно право да носиме таков костим за капење каков што сакаме. И никој, ама баш никој нема право да ни противречи.

2. Да имаме пријатели кои ќе ни го чуваат грбот

Дури и оние кои се со километри далеку, но сепак се тука кога ни се потребни. Заслужуваме да имаме пријател на кој секогаш можеме да му се обратиме. Макар само за кафе и трач-муабет.

3. Да имаме хоби

Поседувањето хоби не само што ни го исполнува животот, туку на некој начин и му дава смисла. Пеење, помагање на беспомошните или кој било друг вид хоби е дефинитивно нешто кое треба да го правиме.

4. Да лежиме во цветна леа

Барем еднаш во животот.

1-15-nesta-koi-bez-somnez-sekoja-zena-gi-zasluzuva-kafepauza.mk

5. Да имаме прекрасен работен месец/семестар

Го заслужуваме тоа поради сите глупости што ги трпиме. Нервозни и комплексирани колеги и професори, малку време и мрза. Доволно е барем еден месец да тече сѐ како подмачкано.

6. Да имаме животен придружник

Не мора да значи дека тоа треба да биде човек. Може да биде и маче и куче, или кое било друго животно. Човекот е социјално суштество на кое му е потребно да искажува и да чувствува љубов. Но љубовта не мора секогаш да биде кон друга личност. Таа може да биде и кон животно, а таа љубов е неверојатно чиста.

7. Да посакуваме секс исто колку и мажите

Како што мажите имаат право да посакуваат секс во секое време на секое место, така и ние го имаме истото право. Нема ништо срамотно во посакувањето секс. Жената не треба да му биде потчинета на мажот, туку тие треба да бидат еднакви. Особено во поглед на сексот.

2-15-nesta-koi-bez-somnez-sekoja-zena-gi-zasluzuva-kafepauza.mk

8. Да имаме малку простор и време за себеси

Доволно колку да се исклучиме, добро да размислиме и да се вратиме со решени проблеми.

9. Да го пронајдеме совршениот фустан за таа една прилика

Сите знаеме колку е ова важно и колку може да влијае врз првичниот впечаток.

10. Да се фалиме на Фејсбук без да ни судат

За дипломирањето, за новото момче или за новиот пар високи потпетици. За што било, битно да се пофалиме и да си го направиме меракот.

11. Барем еден ден да немаме мрсна коса и изгребан лак

Сите. Буквално сите имаме вакво право. Сѐ да биде совршено на нас еден ден. Ако не цел, барем неколку часа.

3-15-nesta-koi-bez-somnez-sekoja-zena-gi-zasluzuva-kafepauza.mk

12. Да играме цела ноќ сѐ додека не го здогледаме сонцето

Да бидеме толку уморни што таква идеја нема да ни падне на памет сѐ до следниот месец.

13. Да имаме изглед онаков како што ние сакаме

Сите имаме право да избереме дали ќе бидеме женствени или со помашкудански стил. И никој нема право да ни го одземе тоа.

14. Да ја носиме таа комбинација којашто сакаме

Па нормално дека смееме да ја носиме кога сме потрошиле половина плата на секое парче и половина живот во нејзиното комбинирање.

15. Одлична профилна фотографија или фотографија на Инстаграм

Најмалку една. Пожелно е повеќе, но и со една нема да се пожалиме.

4-15-nesta-koi-bez-somnez-sekoja-zena-gi-zasluzuva-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар