15 нешта за кои сме заборавиле да им се заблагодариме на нашите учители/ки

15 нешта за кои сме заборавиле да им се заблагодариме на нашите учители/ки

Можеби учителите не носат наметки на суперхерои, ниту пак кога ќе излезат на улица им бараат автограми, но дефинитивно заслужуваат огромна благодарност. Благодарност за нивното трпение, љубов и родителска грижа. Благодарност за тоа што вложувале во нашето образование дури и тогаш кога нивниот труд не бил доволно платен. Да се потсетиме за што сè сме заборавиле да им се заблагодариме на нашите учители и учителки. Уште поважно, ако повторно ги сретнеме, да им кажеме едно „благодарам“ иако нема да знаат зошто им го велиме тоа.

15 нешта за кои сме заборавиле да им се заблагодариме на нашите учители/ки

1. Благодариме што нè учевте да делиме еден со друг

Нè научија колку е важно да се дели и да се биде несебичен. Колку е важно кога твоето другарче не носи блок, да му позајмиш лист.

2. Благодариме за сите прегледани тестови, смирување на кавгите и следењето на школската програма

Иако знаеме дека имавте многу обврски и на приватен план.

3. Благодариме за секое колаче и бонбонче

Кое си го сфаќавме како најголемата награда на светот.

4. Благодариме што ни влевавте самодоверба

Што нè натеравте да сфатиме дека сме добри во нешто.

5. Благодариме за вашите насмевки

Иако е тешко цел ден да држиш насмевка на лицето. Сигурно и вие сте имале лоши денови.

6. Благодариме за секоја пофалба и укор

Бидејќи и двете ни беа потребни.

7. Благодариме за следењето на нашиот напредок

Иако мразевме кога ќе ги повикавте нашите родители на разговор, сега сфаќаме дека било за наше добро.

15 нешта за кои сме заборавиле да им се заблагодариме на нашите учители/ки

8. Благодариме за дисциплината на часот

Бидејќи заслуживме да учиме во мирни услови кои вие ни ги овозможивте.

9. Благодариме што нè поттикнувавте на креативност

Секојдневно, со секој проект, цртеж и состав, нè теравте да размислуваме и твориме. Неизмерно сме благодарни.

10. Благодариме за секоја божиќна и велигденска декорација

Благодариме што нашите училници изгледаа како куќата на Дедо Мраз.

11. Благодариме што нè ставивте пред себе

Немојте да мислите дека сме заборавиле на вашите жртви за нас.

12. Благодариме што верувавте во нас

И не ни се смеевте на промашениот состав или погрешно решената задача.

13. Благодариме што секојдневно се справувавте со нашите проблеми

Со секоја кавга со нашите другари, секоја изгубена тетратка, секоја солза.

14. Благодариме што ни ги сменивте животите

Што нè описменивте и ни ја дадовте основата за понатаму.

15. И за крај, благодариме што нè гледавте како свои деца.

И сфаќаме колку таа постапка е несебична и хумана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар