14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знае
6. Секоја година, соседите организираат гозба на нивната улица
Еднаш годишно, во ова мало шпанско село по име Бинисалем, сообраќајот е целосно блокиран поради тоа што сите жители вечераат на улиците со нивните соседи како да се едно големо семејство од 12.000 луѓе.
7. Американски пожарникари гаснеле пожар во Мексико
Пожарникари од Аризона дошле во Мексико за да им помогнат на нивните колеги да го изгаснат пожарот.
8. Жена завиткала мокро куче во ќебенце
Случаен минувач ја направил фотографијава во Кримеа кога забележал дека една жена покрива улично куче со ќебе. Подоцна, жената му дозволила на кучето да влезе во продавницата за да се стопли.
9. Овие господа изработуваат околу 1.000 играчки годишно
10. Секоја вечер, вработените во кафуле ги оставаат остатоците од храна покрај прозорецот за бездомниците
11. Пожарникари кои гаснеле пожар повеќе од 24 часа
Пожарникарите на фотографијата се одмораат откако се обидувале да изгаснат големи пожари во централна Португалија. Фотографијата ја прикажува нивната прва 20-минутна пауза во последните 24 часа. По паузата, тие продолжиле со напорна работа. Тие се вистински херои на денешницата. Тие си го ризикуваат животот за да ги спасат другите!
12. Возач на минибус ги вози сите деца бесплатно
Еден возач од Краснодар не прифаќа пари од деца. Момчето на фотографијата се обидел да го плати билетот неколку пати, но возачот објаснил дека сите ученици се возат бесплатно. Возачот е грижлив татко на 6 деца, но неговата добрина се однесува на сите деца во светот.
13. Човек храни бездомници на свој трошок
Брајан подготвува храна за 50 бездомници и самиот ја дели на улиците во Даблин. Човекот ја купува храната со парите од неговата пензија.
14. Хокејар ја дал плочката на едно момче за да го поддржи
Хокејски тим од Колорадо губел на натпреварот и играчот Келвин Пикард ја дал плочката на еден мал обожавател за да не се разочарува.
Погледнете ги и овие фотографии што ќе ви ја вратат вербата во човештвото.