14 работи за кои мајките отсекогаш биле во право

14 работи за кои мајките отсекогаш биле во право

Нашите мајки често се премногу грижливи, ни досадуваат и нѐ опоменуваат, но на крајот од денот тоа се жените кои поминале часови и часови во болки за ние да постоиме и тие ни мислат најдобро. Погледнете ги сите оние работи кои ги игнориравте во вашите тинејџерски години.

1-14-raboti-za-koi-majkite-otsekogash-bile-vo-pravo-kafepauza.mk

1. Девојките кои во основно ве третирале лошо, ќе испаднат полоши од вас

Се сеќавате на девојката која ве исмејуваше во школските денови? Оваа година ќе најдете фотографии од нејзината свадба со момчето кое за малку очите ќе си ги извадеше во средно. Мајка ви ова го предвиде пред 15 години.

2. Момчињата стануваат подобри како што стареат

Вака ве тешеше мајка ви секој пат кога ќе дојдевте дома со скршено срце.

3. Понесете палто

Ноќите се секогаш поладни од деновите. Смешно е како сѐ уште не се придржуваме до ова, но таа секогаш знаеше.

4. Не ги бричете/кубете мустаќите или влакненцата од брадата

Ако го направите ова тие ќе пораснат погусти и потемни следниот пат.

5. Не ја фарбајте/бланширајте косата

Ќе ја оштетите! Потребата да направите трајни промени на косата е толку силна кога сте лута тинејџерка која сака да се покаже пред сите, но веројатно ќе зажалите кога ќе отидете на факултет. Вашата колешка или цимерка ќе има убава и блескава коса во природна боја, а вашата, без разлика колку препарати ќе искористите, никогаш нема да изгледа толку убава како нејзината.

6. Средното образование е важно

Ако завршите средно со слаби оценки нема да се запишете на добар факултет и ќе мора да седите дома со вашата мајка која е супер и ви готви… Чекајте дали ова навистина звучи одлично? Искрено размислете.

7. Внимавајте на џепарлакот – не затоа што е „одговорно“ или затоа што таа не сака да ви даде повеќе пари туку така ќе се чувствувате посигурно

Кога ви го намали џепарлакот вашата мајка ви мислеше само добро затоа што се сетила како ѝ било неа во 20-тите години кога немала пари и затоа што посакува да израснете во паметна жена која има финансиска независност и знае да управува со нејзините приходи, бидејќи таа нема секогаш да биде тука.

8. Секогаш носете крем за заштита од сонце

Ќе изгледате како грчка божица со прекрасен тен во 20-тите и 30-тите, но после тоа ќе изгледате вака.

9. Одржувањето на човечки живот е неверојатно тешко и потценето

Сега сте во 20-тите. Имате милениче? Имате растение? Тогаш можеби и разбирате 1/1000-ти дел од тоа колку е тешко да воспитувате дете.

10. Редовно мијте ги забите

Или потрошете илјадници денари по забарски сметки за пак да имате одвратни заби.

11. Не пушете цигари

Нема потреба од дополнителен коментар.

12. Практичноста е модерна

Можеби ѝ се смеевте на мајка ви кога носеше широки фармерки, но погодете што? Високите потпетици и тесните фустани не се удобни, а неудобноста изгледа како премногу да сте се труделе. Исто така: NORMCORE. Мајка ви знаеше за ова пред Карл Лагерфилд.

13. Сега кога сте постари, заблагодарете ѝ се за сите добронамерни совети

Без разлика колку ве нервирала порано вашата мајка дури и тогаш била во право. Мајки: 1000. Останатата популација на Земјава: 0.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар