14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Го пропуштивте маратонот оваа година, но затоа дозволивте да ве инспирира и да ве поттикне и вие да почнете повторно со џогирање после долго време? Доаѓа лето, времето е убаво, па зошто да не се искористи продуктивно? Полни сте со ентузијазам, но забележувате дека работите не одат баш како што сте очекувале. Ова се 14-те фази низ кои сигурно ќе поминете доколку одново почнувате со џогирање после 100 години…

1. Неподнослива неизвесност

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Алармот се вклучува. Си дозволувате да притиснете снуз само еднаш. „Ќе направам нешто корисно за себе денес“, си шепотите со ревносна одлучност. „Ова е инвестиција во мојот живот.“ Станувате. Сè ве боли, а не сте ни почнале. Сепак дел од вас е возбуден дека ова утро е утрото кога ќе го заслужите правото да се чувствувате морално супериорни во однос на сите околу вас, затоа што таков ефект има вежбањето.

2. Се облекувате

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Ниту една од вашите комбинации за вежбање не ви стои баш најдобро, затоа што последниот пак кога сте ги облекле било во вашиот претходен живот кога сте биле човек кој понекогаш носел спортска облека. „Сè ќе биде во ред“, се тешите себеси додека маичката ви се крева нагоре, а тренерките ви се спуштаат надолу.

3. Загревање

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

За еден краток блескав момент вие сте буквално и фигуративно Херкулес.

4. Почнувате со трчање

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Одеднаш се соочувате со реалноста за вашите физички способности. Без оглед на сè вие сте решени да истраете. Вие сте гепард. Вие сте прекрасен коњ кој галопира. Вие дефинитивно нема да умрете од умор.

5. Белите дробови ви излегуваат низ нос

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Ова не се случува навистина, ама така се чувствувате.

6. Одење

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Почнувате со одење и се тешите дека тоа е дури и подобро од трчањето според некои доктори. Колената не се напрегаат толку. Не е толку застрашувачко за луѓето кои отишле на прошетка. Нема ништо срамно во тоа да се пешачи.

7. Втор обид

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Е сега сте брзи како стрела! Ова секако не се случува навистина ама се преправате дека се случува и повторно почнувате да џогирате. Мало дебелко куче ве претекнува.

8. Ви се спуштаат тренерките

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Сè оди нагоре-надолу и одеднаш трчате голи со маичката на глава и вашите тренерки спуштени до глуждови како некој идиот кој помислил дека трчањето е добра идеја.

9. Уште одење

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Најискрено, за да стекнете кондиција да можете без проблем да истрчате 2 километри, треба наизменично да трчате и да одите. Ова е 100% вистина и во никој случај не сте тотален губитник поради тоа што пешачите сега. Кому му е грижа за девојката која поминува покрај вас како газела? Таа е на нејзиниот животен пат, а вие на вашиот. А вашиот вклучува пешачење. Прекрасно пешачење.

10. Се убедувате пак да џогирате

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Во ред, време е пак да почнете со џогирање. Да, навистина. Не ни дишете отежнато повеќе. Би можеле слободно да разговарате со ова темпо и да бидете супер. Најверојатно не би го направиле тоа, ама би можеле, а најважно е слаткото ветување што го нудат можностите.

11. Продолжувате да се убедувате пак да почнете со џогирање

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Се сеќавате на моментот кога се разбудивте утрово? Тогаш бевте друг човек. Имавте цели. Имавте надеж. Сè уште го немавте доживеано ужасот што сега ви е добро познат. Немојте да го разочарате тој човек. Бидете онаа личност што ѝ била потребна на таа личност од утрото.

12. Почнувате пак со некакво си џогирање

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Едно време вие бевте сигурни дека би можеле да преживеете апокалиптичен настан, како на пример ако одеднаш се појават зомбиња или ако еден куп генетички напредни мајмуни избегаат од локалната лабораторија и почнат да ги напаѓаат луѓето, но сега ви е јасно дека едноставно не би преживеале.

13. Се ладите

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Време е за ладење така? Колку време го правевте ова? Сигурно поминало најмалку еден час. Сигурно не поминале само 15 минути како што вашиот лажлив часовник тврди.

14. Кафе и крофна

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Успеавте. Отидовте да трчате утрово. Херкулес би бил горд на вас. Заслуживте една голема сочна калорична крофна. За да си ја вратите енергијата, не за друго.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар