14 долготрајни холивудски врски што ќе ви дадат верба во љубовта
Познатите личности се озогласени поради краткотрајноста на нивните романси, но со оглед на нивните кариери можете ли да ги обвините? Комбинирајте ја честата оддалеченост поради распоредите за работа со притисоците од вниманието на таблоидите и имате рецепт за стресна врска. Но, кога станува збор за вистинска љубов, онаква каква недостига во вакви бурни времиња, не постои време и збор што би ја спречил да постои. Во продолжение погледнете 14 славни парови кои успеваат да функционираат и дознајте кои се нивните тајни за децениска среќа. Тие без сомнение ќе ви дадат верба во постоењето на моќното чувство наречено љубов.
1. Џон Леџенд и Криси Тиген
Џон и Криси се запознале за време на снимањето на негово музичко видео и иако би помислиле дека така се случува љубов на прв поглед, Џон го демантира тоа објаснувајќи:
„Не се заљубивме веднаш, односно не помислив дека таа е жената со која ќе се оженам од првиот ден. Според мене тоа треба да се почувствува, не да се помисли. Веројатно беа потребни неколку години за да се уверам дека ќе бидеме засекогаш заедно.“
Според нив отвореноста во врската, разговорот за секој проблем и хуморот се оние нешта што го одржуваат нивниот однос. Денес, успешната манекенка и познатиот пејач зад себе имаат 11-годишна успешна врска крунисана и со брак во 2013.
2. Пирс Броснан и Кили Шеј Смит
Две години од кога ја загубил својата прва жена, Пирс ја запознал Кили на забава во Кабо, Сан Лукас во 1994 година.
„Тој воодушевуваше“, изјавила Кили. „Висок, со темен тен, толку симпатичен, со некоја немирна искра во очите. Има сè што е потребно за да привлече некого, па лесно разбирам зошто е толку секси за секоја жена.“
За својата љубов актерот е непоколеблив, изјавувајќи:
„Кили е неверојатна жена. Дури и милион години да барам, не би нашол друга толку добра колку неа.“
3. Стедман Грејам и Опра Винфри
Бизнисменот Стедман Грејам за прв пат се сретнал со медиумскиот магнат, актерка и филантроп, Опра Винфри, на добротворен настан во Чикаго, 1986 година. Нивната романса започнала истата година, и сè уште трае иако никогаш не решиле да стапат во брак. Стедман е отворен за длабоката љубов и восхит кон Опра, велејќи:
„Ме радува што можам да бидам околу жена што секојдневно ги менува животите на луѓето, жена со топло срце и неверојатна харизма.“
4. Дејвид и Викторија Бекам
Фудбалската легенда ја запознал својата љубов во 1997 година и две години подоцна тие се венчале. Тајната на нивниот долготраен брак, велат тие, е вложеното време и довербата.
„Точно е дека патуваме многу со нашите ценети бизниси и добротворни обврски, но секогаш наоѓаме време еден за друг, и како пар и како семејство“, вели Викторија.
За нежната страна на својата сопруга Дејвид вели:
„Јас сум прилично нерешителна личност и Викторија како жена е неверојатна, но како најдобра пријателка е уште подобра.“
5. Дејвид Буртка и Нил Патрик Харис
Тие заедно прославуваат 13 години, и веќе имаат две деца кои ги сакаат неизмерно. Дејвид и Нил се запознале преку заеднички пријател и велат дека го имаат зачувано истиот сјај уште од првиот ден.
„Има нешто посебно во неговата енергија. Зрачи со сексапил и машкост, и јас едноставно не можам да одолеам а да не се заљубам“, вели Нил, за што Дејвид возвраќа: „Тој е мојот спас на некој чуден начин. Го сакам тоа што ме тера да се смеам, го сакам тоа што е исклучително паметен.“
6. Ник Оферман и Меган Мулали
Покрај своите брилијантни улоги како пар на филмското платно, нивната љубов опстојува и во приватниот живот. Актерите Ник Оферман и Меган Мулали се во брак од 2003 година и се чини дека се експерти за одржување на пламенот. Кога Меган била запрашана кој е нејзиниот совет за одржување на искрата, таа без дилема одговорила:
„Веројатно клучот е во времето поминато заедно, како и во сексот. Ние имаме двенеделно правило, односно не смееме да поминеме одвоени повеќе од две недели.“
7. Фреди Принц Јуниор и Сара Мишел Гелар
Успешните актери за прв пат се запознавале во 1997 година за време на снимањето на нивниот заеднички филм „Знам што направи минатото лето“ (I Know What You Did Last Summer), а нивната романса произлегла од доброто пријателство меѓу нив. Затоа Фреди открива што според него е причината за љубов која трае:
„Сè додека вашиот партнер знае да ве насмее, смеата ќе трае вечно. Но, ако сте во врска само поради физичката убавина, не и внатрешната, ќе имате сериозен проблем кога ќе наполните 60 години.“
Преминете на следната страница за останатите 7 парови што ќе ве потсетат дека љубовта навистина постои…