14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Сите ги имаме изгледано Дизни цртаните по 100 пати кога сме биле деца, а можеби и сега ви се случува да си ги пуштите понекогаш. Ако мислите дека ги знаете на памет репликите и сите детали, размислете уште еднаш! Следниве 14 ситници сигурно ги немате забележано! Прочитајте за што станува збор и изгледајте си ги цртаните уште еднаш викендов за да се уверите и самите…

1. Од сите Дизни принцези, само Рапанзел има зелени очи

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Повеќето Дизни принцези имаат сини или кафеави очи. Единствено Рапанзел била нацртана со светло зелени очи.

2. Ѕверот од „Убавицата и ѕверот“ поседува карактеристики на седум различни животни

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Аниматорите долго време работеле на цртежот за Ѕверот. На крајот, решиле да му дадат физички карактеристики од 6 различни животни, со тоа што неговите сини очи се оние на принцот во кого се претвора.

3. Ариел од „Малата сирена“ била инспирирана од актерката Алиша Милано

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Како прототип за главниот лик од „Малата сирена“ послужила Алиша Милано која тогаш имала 11 години, а станала светски позната по нејзината улога како Фиби во ТВ серијалот „Волшебнички“ (Charmed). Освен тоа, Ариел не го добила само физичкиот изглед на Алиша, туку и некои од нејзините карактерни особини.

4. Ијор и Оптимус Прајм од „Трансформери“ зборуваат со истиот глас

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Питер Кален го позајмил гласот за Ијор, магарето од „Вини Пу“ и за Оптимус Прајм, роботот од блокбастерот „Трансформери“.

5. Мршојадците од „Книга за џунглата“ биле инспирирани од Битлси

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Менаџерот на легендарниот квартет ги договорил членовите од Битлси да го позајмуваат гласот за овие ликови од „Книга за џунглата“, но Џон Ленон решително одбил во името на целиот бенд. Меѓутоа, мршојадците сепак го добиле изгледот на светски познатите музичари од Ливерпул.

6. Симба од „Кралот лав“ не рика како лав

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Наместо крик на лав, Симба добил крик на тигар, бидејќи гласот на лавот бил премногу тивок.

7. Можете да го видите Ханс од „Замрзнато“ (Frozen) во „Големиот херој 6“ (Big Hero 6)

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Се сеќавате на шармантниот злобен принц од „Замрзнато“? Креаторите на „Големиот херој 6“ решиле да се пошегуваат со него и ја ставиле неговата фотографија на таблата со барани криминалци во полициската станица.

Продолжете на следната страница за да ги откриете и останатите детали што сте ги пропуштиле во Дизни цртаните филмови…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар