13 трикови што делуваат чудно додека не ги пробате

13 трикови што делуваат чудно додека не ги пробате

Понекогаш најчудните трикови се екстремно корисни и навистина можат да ни го олеснат секојдневниот живот. Дали можете да си замислите солена лубеница, мокра пица или резервни чорапи за лошите денови? Прочитајте за следниве 13 трикови што ќе ви делуваат апсурдно, сѐ додека не ги пробате. Не заборавајте да бидете слободоумни и отворени за нови искуства!

1. Пицата е повкусна ако ја јадете мокра

13 трикови што делуваат чудно додека не ги пробате

За да го подобрите вкусот на пицата, пред да ја стоплите, ставете врз неа влажна хартија или попрскајте ја со вода, особено на краевите.

2. Опуштете се како мачките

13 трикови што делуваат чудно додека не ги пробате

Дали сакате да се чувствувате поенергично во текот на денот? Сончајте се како мачките! Земете некоја мека простирка и перница и дремнете на земја. Одберете место каде што има сончево зраци. Ако се одморате на тераса, не заборавајте да ставите млеко за сончање. Не останувајте на сонце подолго од 15-20 минути за да не изгорите.

3. Ставете солени кикирики во Кока-кола

13 трикови што делуваат чудно додека не ги пробате

Кикириките добиваат убав солено-сладок вкус и омекнуваат кога ќе ги ставите во Кока-кола. Овој газиран пијалак е многу популарен и многу луѓе кои патуваат го користат овој трик за да можат полесно да јадат додека возат. Сѐ што треба да направите е да ставите кикирики во шише Кока-кола за да можете да пиете и да јадете само со една рака.

4. Имате лош ден на работа? Облечете нови чорапи

13 трикови што делуваат чудно додека не ги пробате

Тешко е да се опише со зборови чувството што се јавува кога облекувате нов пар чорапи. Ова е одличен совет за оние кои треба да одат пеш по тежок ден на работа. На овој начин, веднаш ќе се наполните со енергија. Овој трик е особено корисен за жените. Ако носите хулахопки цел ден и навечер треба да излезете со некого, земете си уште еден пар хулахопки за да се пресоблечете пред средбата. Ќе ви се чини како да имате нови нозе.

5. Сте заборавиле некој збор? Повторете си ја азбуката на глас

13 трикови што делуваат чудно додека не ги пробате

Во 90% од случаите, кога ќе стигнете до буквата од азбуката на која почнува зборот што сте го заборавиле, веднаш ќе се сетите на него.

6. Кога сте мрзеливи, не пијте кафе туку истуширајте се

13 трикови што делуваат чудно додека не ги пробате

Не трошете време на Интернет со надеж дека кафето ќе ви помогне кога се чувствувате изморено или депресивно. Најбрзиот начин да добиете е елан за работа е краткото туширање. Ќе почувствувате наплив на енергија и ќе забележите дека расположението ви се подобрува. Токму затоа многу психолози советуваат да го „измиете“ стресот од себе. Исто така, докторите препорачуваат да се туширате пред спиење, особено ако имате несоница.

Продолжете на следната страница за останатите необични трикови…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар