13 моменти од романтичните комедии што нам никогаш нема да ни се случат
Ах, романтични комедии, совршен приказ на вистинскиот живот и вистинската љубов. Не. Вистината е дека филмовите ни ги „испраа“ главите и ни наметнаа големи очекувања од љубовта кои, за жал, никогаш нема да се исполнат. Со полно право можеме да го мразиме Холивуд и да фрламе со бонбоните по телевизорот (ако некој е доволно луд или тажен за да го прави тоа) поради овие 13 ситуации.
1. Кога се појавува во последен миг за да ви каже дека ве сака…
Во вистинскиот живот, останувате сами, плачејќи во тоалетот додека сите други се бакнуваат.
2. Кога најдобриот пријател на вашиот сопруг се појавува и ви признава дека е заљубен во вас…
Никогаш немаше да истрчате и да го бакнете. Не, нема шанси! Ќе му кажевте дека сте поласкани, но дека тоа е несоодветно однесување и ќе му ја затворевте вратата (или барем така би го навеле вашиот сопруг да мисли).
3. Изгледате секси додека се бакнувате на дождот…
Секако дека луѓето и во вистинскиот живот се бакнуваат на дожд, но маскарата си тече, косата изгледа ужасно, а и тој не е нешто подобар.
4. Кога ги тргате очилата и наеднаш сите се вртат по вас…
Одлична порака Холивуд! Немаме друг коментар на ова.
5. Кога се заљубувате во личноста што ја мразите…
Сте имале причина зошто ја мразите оваа личност и сега наеднаш не ја мразите? Постои причина зошто не сте се сложувале и зошто сте се мразеле. Двајца луѓе кои се згодни можат да се мразат и да не се заљубат. Во ред е.
6. Комуницирате со маж од друго време преку поштенско сандаче преку кое си праќате писма…
Нема што да се објаснува овде.
7. Да се преправате дека сте друга личност и кога луѓето околу вас ќе дознаат, тие не се воопшто лути…
Знаете како кога нешто ќе згрешите луѓето околу вас стануваат лути? Е па ова е многу, многу полошо.
8. Кога сте проститутка, се заљубувате во клиент и живеете среќно до крајот на животот…
Колкави се шансите ова да се случи? Никакви. Ама баш никакви.
9. Кога ја наоѓате вашата сродна душа додека купувате ракавици…
Секому му се потребни ракавици во зима, а богами и сродна душа…
10. Кога ја изразувате љубовта во јавност на најчудниот начин кој постои…
Јавното искажување љубов е нешто што предизвикува непријатност кај сите.
11. Никој не ви замерува што сте лажеле дека сте во врска со член на фамилијата кој е во кома и не може дека е поинаку
Ни малку не е шармантно, нити вистинито.
12. Кога поставувате рок и личноста се појавува точно навреме…
Драги дами и господа, ова го има само во Холивуд!
13. Кога останувате бремени и се заљубувате во момчето со кое сте имале „секс за една вечер“…
Никогаш нема да можете да го пронајдете откако ќе заврши таа магична ноќ, особено не за да му кажете дека сте бремени.