13 идеи и трикови кои ќе ви го олеснат животот - Part 2

13 идеи и трикови кои ќе ви го олеснат животот

8. Кога во лето пиеме некој пијалак, без разлика дали сме внатре во домот или пак надвор, секогаш мораме да го „браниме“ од мувите и мушичките. Хартиените корпи за колачи може да послужат како сјајна заштита од малите напаѓачи.

9-vreme-e-da-nauchite-nekolku-trikovi-13-idei-koi-kje-go-olesnat-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

9. Доколку додадете малку сода бикарбона во водата во која ќе ги подготвувате јајцата, откако ќе ги сварите ќе можете многу полесно да ги излупите.

10-vreme-e-da-nauchite-nekolku-trikovi-13-idei-koi-kje-go-olesnat-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

10. Дамката од карминот за усни најлесно ќе ја отстраните така што ќе напрскате лак за коса директно на неа, ќе почекате околу 10 до 15 минути, а потоа ќе ја истриете со влажна крпа или сунѓерче.

11-vreme-e-da-nauchite-nekolku-trikovi-13-idei-koi-kje-go-olesnat-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

11. Врвот од пластичното шише може да ви послужи за вашиот кекс, грицки или сето она што е веќе отворено, а стои во кеса, да остане подолго време свежо.

12-vreme-e-da-nauchite-nekolku-trikovi-13-idei-koi-kje-go-olesnat-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

12. Кога ќе купувате течна пудра, задолжително испробајте ги нијансите на вратот наместо на раката за да добиете пореална слика за бојата и да го купите она што навистина ви е потребно.

13-vreme-e-da-nauchite-nekolku-trikovi-13-idei-koi-kje-go-olesnat-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

13. Кога ќе сакате да пречкртате некој збор кој погрешно сте го напишале, а не сакате никој друг да го прочита, наместо да повлекувате линии врз него, доволно е врз него да напишете некој друг нов збор.

14-vreme-e-da-nauchite-nekolku-trikovi-13-idei-koi-kje-go-olesnat-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар