13 факти за магаренцата поради кои ќе посакате едно и за вас
И гледањето во овие слики е доволно да ги засакате, но прочитајте ги и овие факти за нив.
1. Магаренцата потекнуваат од Северна Африка и островите Сицилија и Сардинија.
2. Тие не се мали магариња, туку посебна раса која не расте како другите магариња.
3. Тие тежат само 7-15 килограми при раѓањето и најголем дел од таа тежина отпаѓа на ушите.
4. Возрасните магаренца растат најмногу до 80-90 сантиметри во висина.
5. Ова на сликата е Нихи, кој според Гинисовата книга на рекорди е најниското возрасно магаре во светот со висина од само 64 сантиметри.
6. Иако се многу мали, можат да бидат дресирани да работат како и поголемите видови. На тригодишна возраст тие веќе можат да носат товар или да влечат мала количка.
7. Магаренцата се питоми, љубезни и лојални животни кои е лесно да ги сакате. Затоа честопати луѓето ги чуваат како домашни миленици.
8. Кога растат на фарма магаренцата се поврзуваат со овците и ги штитат од предатори како да се нивни роднини.
9. Ако ве сметаат за пријател, магаренцата ќе рикаат, грофтаат и ќе дишат гласно кога ќе ве видат.
10. Малите магариња ги сакаат децата и се особено внимателни со нив.
11. Тие се друштвени животни и не сакаат да бидат сами.
12. Се обидуваат да привлечат внимание ако се почувствуваат запоставено.
13. Магарињата имаат углед на тврдоглави животни, а тоа е така затоа што се внимателни и имаат добра меморија. Ако нешто ги исплашило во минатото, тие ќе се плашат од тоа во иднина.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.