13 актерки кои бремени снимале филмови
7. Хали Бери – „Икс-мен – последното упориште“
Бременоста за време на снимањето на филмот била вистинско изненадување за Хали Бери бидејќи нејзината хероина Сторм не можела да се појави бремена. Режисерот, Брајан Сингер, сторил сè што можел за да го скрие овој факт од гледачите: улогата на Сторм се намалила, нејзиниот костум бил сменет, а во борбените сцени, актерката била заменета со двојник.
8. Кејт Бланшет – „Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп“
Кејт Бланшет е навистина уникатна актерка. Таа дознала за нејзината прва бременост откако ѝ била понудена улогата во „Шарлот Греј“, додека пак, за нејзината втора бременост дознала за време на снимањето на филмот „Life Aquatic“ со Стив Зису. Но, тука не е крајот – дека нејзиното трето дете е на пат дознала кога била на снимање на филмот „Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп“, каде што конечно морала да игра негативец.
Оваа посветена филмска ѕвезда успеала да се справи со сите нејзини тешки акробации и никогаш не употребила двојник за нејзините улоги.
9. Пенелопе Круз – „Пирати од Карибите: на чудни плими“
Во четвртиот филм за капетанот Џек Спароу, Пенелопе Круз морала да се појави во раните фази на бременоста. Иако нејзиниот стомак сè уште било невозможно да се забележи, снимателите морале да направат повеќе прилагодувања за да сокријат какви било знаци дека актерката е бремена.
И покрај фактот дека ликовите морале да поминат многу време на отворено море, актерката успешно ги надминала сите опасности во првото тромесечје од бременоста.
10. Наоми Вотс – „Источни ветувања“
И покрај фактот дека Наоми дознала за нејзината бременост веднаш по почетокот на снимањето, како и многу жени, и таа решила да не кажува никому за ова, затоа што штотуку забременила. Само дизајнерот на костумите си претпоставил дека е бремена кога забележал дека облеката на нејзиниот лик не ѝ одговара повеќе.
11. Џоди Фостер – „Панична соба“
Џоди Фостер не планирала да учествува во овој трилер, но откако заминала Никол Кидман, таа се согласила да ја доврши улогата. За време на снимањето, таа открила дека го очекува своето второ дете. Ова не ја спречило добро да ја одигра улогата и, според неа, тоа само ја направило посилна. Сите сцени каде таа морала да носи тесни маици и да ги направи сите тешки акробации биле снимени во раните фази од бременоста.
12. Кира Најтли – „Еверест“
Дека има бебе било откриено во јавноста случајно, откако Кира објавила фотографија со количка за бебиња. Кога била бремена, таа работела на филмот „Еверест“ каде ја играла улогата на бремена сопруга на алпинист. Но, фактот дека е бремена не го знаеле ниту членовите на филмската екипа.
13. Гал Гадот – „Чудесна жена“
Гал внимателно ја криела бременоста од филмската екипа и ги направила сите акробации самостојно. Но, се разбира, за време на постпродукцијата (неколку месеци по завршувањето со работата на филмот, од актерите се барало да реконструираат некои од сцените) – тогаш бременоста станала очигледна. Ѕвездата морала да носи посебен модел на костим со зелена боја околу стомакот, со цел тимот да може да го отстрани стомакот во постпродукцијата.
Дали знаевте дека овие актерки биле бремени кога ги гледавте овие филмови?
Можеби сакате да прочитате и за 10-те најубави славни жени на светот за 2019-та година: Овие актерки владеат на топ листите за убавина.