12 работи кои мажите ги прават поинаку од жените
Битката помеѓу мажите и жените – пак, и тоа овој пат на сметка на вторите.
Прекари
Ако Весна, Сања и Кате седнат на кафе, меѓу себе ќе си се викаат Весна, Сања и Кате.
Ако Петар, Столе и Горан излезат заедно, меѓу себе нагалено ќе си се викаат Педер, Дебели, Глуп.
Јадење во ресторан
Кога ќе стигне сметката, Петар, Столе и Горан ќе фрлат по 500 денари на маса иако сметката е вкупно 1.200. Никој од нив нема да има ништо поситно, и нема да признаат дека го сакаат својот дел од кусурот.
Кога ќе им стигне сметката на девојките, тие ги вадат мобилните од ташна и пуштаат калкулатор.
Купатила
Маж има 6 работи во купатилото: четка за заби, паста за заби, брич, шампон, сапун и пешкир.
Просечниот број на работи што жена ги чува во купатило изнесува 337. Притоа, маж може да знае што се максимум 20 од нив.
Кавги
Жената го има последниот збор во секоја кавга.
Сѐ што ќе каже маж после тоа се смета за почеток на нова кавга.
Иднина
Жената се грижи за иднината додека не се омажи.
Мажот никогаш не се грижи за иднината сѐ додека не се ожени.
Успех
Успешен маж е оној кој може да направи повеќе пари одошто неговата жена може да потроши.
Успешна жена е онаа која ќе најде таков маж.
Брак
Жена стапува со маж во брак, верувајќи дека тој ќе се промени, но тој не се менува.
Маж стапува во брак со жена, очекувајќи дека таа нема да се промени, но се менува.
Дотерување
Жена ќе се дотера за да оди на шопинг, за да го фрли ѓубрето, за да оди во комшии, за да ги наводни цвеќињата, за да се јави на телефон, за да чита книга…
Маж ќе се дотера за свадба и за погреб.
Природна убавина
Мажите се будат изгледајќи исто добро како кога легнале да спијат.
Жените некако огрдуваат во текот на ноќта.
Деца
Жената знае сѐ за нејзините деца. Знае кога имаат закажано на забар, кој им е симпатија, кои им се најдобрите другар(к)и, омилената храна, најголемите стравови, надежи и соништа.
Мажот е отприлика свесен дека некои мали луѓе живеат во неговиот дом.
Мисла на денот
Женет човек треба да си ги заборави грешките.
Нема поента двајца луѓе да памтат исти работи.