12 познати личности кои прекинале со образованието, но успеале со труд

12 познати личности кои прекинале со образованието, но успеале со труд

Не, не ви велиме да се отпишете од факултет. Приказните на овие познати личности ги даваме како пример дека со труд може да успеете во животот без разлика дали имате факултет или не. Погледнете кои познати личности успеале многу иако не завршиле со формалното образование.

Марк Закерберг, Сив Џобс, Бил Гејтс

Кога зборуваме за познати и успешни кои се откажале од образованието, не можеме да ги прескокнеме тројцата технолошки гиганти, Марк Закерберг, Стив Џобс и Бил Гејтс. Иако многумина од нас не ги знаеме целосно нивните животни приказни, не значи дека не го почитуваме она што го направиле и успехот кој го постигнале.

12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со труд

Стив Џобс и Бил Гејтс се отпишале од школо бидејќи имале голема желба за отворање свој бизнис. Марк Закербер пак, ја направил првата верзија на Фејсбук додека студирал на Харвард, а потоа се отпишал за да го унапреди сајтот и да го направи многу повеќе од обична социјална мрежа. Така тој засекогаш го промени начинот на кој луѓето комуницираат и направи големо достигнување во светот на технологијата. Она што вие може да го научите од нив е дека иновативните и креативни идеи кои секој од нас ги има не смеат да се заборават туку треба да се спроведат во пракса.

Елен Деџенерис

Познатата, ултра успешна комедијантка, Елен Деџнерис, која секојдневно ги смее луѓето до солзи, се отпишала од факултет по само еден семестар бидејќи едноставно не била среќна. На почеток работела ниско платени работи во ресторани, кафулиња и клубови, сè додека во една прилика не ѝ се насмевнала среќата и таа станала онаа Елен која сите ја знаеме сега.

Имајќи го предвид нејзиното тешко детство, Елен е вистински пример дека без разлика кој си и од каде доаѓаш, успехот е загарантиран со макотрпна работа, верба и надеж.

Бред Пит

Познатиот холивудски фраер се откажал од факултет само неколку недели пред дипломирањето за да почне да гради кариера во Холивуд. Иако ова звучи наивно, тој подоцна станува еден од најпознатите и најплатените актери во Холивуд. По 5 години работа на секакви места низ Холивуд тој конечно успева да се пробие на филмското платно. Страста, упорноста и следењето на својот сон е нешто што на Бред Пит му донело успех и слава.

12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со труд

Опра Винфри

Опра Винфри се откажала од студиите откако ѝ била понудена работа. Најпрво работела во радио емисија, за подоцна да стане првата жена-црнец, спикер на локалните вести во Нешвил. Опра е уште една ѕвезда која имала навистина тешко детство и како девојче била злоупотребувана, но со сигурност е вистински пример за личност која ги срушила сите бариери во животот и создала нешто навистина прекрасно.

12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со труд

Френсис Скот Фицџералд

Литературниот гениј Ф. Скот Фицџералд, најпознат по Големиот Гетсби, се откажал од училиштето и покажал дека оцените и образованието не секогаш се пресудни во животот на еден човек. Познатиот писател бил без пари неколку години, живеел со своите родители и поправал автомобили пред да стане една од легендите на 20-тиот век.

Ралф Лорен

Ралф Лорен се откажал од факултет по две години студирање. Најпрво почнал да работи како продавач на вратоврски. Инспириран од европските трендови, тој се обидел да пробие неколку свои дизајни во компанијата каде работел, но бил одбиен. Ова го инспирирало да започне свој бизнис кој многу брзо станал голем успех. Подоцна Лорен почнал да креира и други парчиња облека освен вратоврски за денес сите да го препознаваме неговото име како синоним за успех и престиж во модниот свет.

Џон Ленон

Познатиот член на Битлси секогаш повеќе се интересирал за музиката отколку за школото. Така, тој не завршил ни средно, не успевајќи да ги положи матурските испити. Подоцна се запишал во уметничко училиште, но бил отпишан поради несоодветно однесување. Тоа не го спречило да ги напише и изведе најубавите евергрини заради кои никогаш нема да биде заборавен.

Лејди Гага

По втората година во познато уметничко училиште во Њујорк, Лејди Гага се отпишала со цел да започне музичка кариера. Откако работела со две музички групи и минала години во изведби по барови и клубови, соочувајќи се со пропаднати музички договори, таа стекна слава со нејзиниот прв соло албум. Моментално Лејди Гага е една од најплатените музички ѕвезди во светот.

Том Хенкс

Познатиот актер не успеал да го заврши драмскиот факултет. Иако бил добар и посветен студент, Том се откажал од факултетот не сакајќи да ја пропушти приликата за стажирање во театар во Охајо. Стекнувајќи големо познавање за театарот и глумата, Том Хенкс се пробива на филмската сцена со улогата во „Splash“.

12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со труд

Мет Муленвег

Мет Вуленбег студирал политички науки на универзитет во Хјустон. Додека бил на факултет, заедно со уште неколку пријатели почнал да работи на кодирање и програмирање. Наскоро тој проект станал првата верзија на Вордпрес, светски позната платформа за блогирање. Подоцна тој се отпишал од факултет за денес да биде познат како ко-основачот на Вордпрес. Уште еден доказ дека кога имаш голема идеја треба целосно да ѝ се посветиш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар