12 чувства кои се секогаш подобри од сексот
Секој човек кој има гениталии би кажал дека е голем фан на сексот. Но како и да е, постојат неколку нешта на оваа планета кои се подобри од оргазмот. Да, колку и да е тешко да замислите поубаво чувство од оргазмот, сепак има! Најдобриот дел е што за да ги доживеете тие чувства не е потребна дрога, крадење, ниту пак добивка од милион евра на лотарија. Ако вашата рака е уморна, а немате трпение да убедувате некого да легне со вас во кревет, еве листа од нешта кои се подобри од сексот.
1. Исплаќање на долгот од кредитната картичка
Не постојат зборови со кои може да се опише чувството кога целосно ќе го исплатите долгот од кредитната картичка. Ако сте имале таков долг, знаете дека истиот секоја вечер легнува со вас во кревет и ве притиска, не дозволувајќи ви мирно да спиете. Кога конечно ќе дојде денот кога ќе се ослободите од последната рата, чувството е како да доживувате илјада оргазми одеднаш.
2. Членство во фан група
Прашајте ги фановите на филмот „Војна на Ѕвездите“ како се чувствувале кога биле на премиерата пред триесетина години и како се чувствуваат сега кога заедно со своите деца биле на премиерата на најновото продолжение на овој добро познат серијал.
3. Совршен прв состанок
Кога сте на прв состанок во воздухот се чувствува нова надеж. Често се прашувате „Дали е ова почетокот на нешто важно во мојот живот?“ После совршениот прв состанок се чувствувате подобро отколку после секс затоа што постои еден вид надеж над хоризонтот која ви покажува дека почнува нова и убава епизода од вашиот живот.
4. Унапредување на работното место
Малку нешта на светот се подобри од чувството кога вашиот шеф конечно го препознал трудот кој го вложувате на работното место. Без разлика дали претходно сте биле на дното од хиерархијата или конечно сте добиле своја канцеларија, вие ќе се почувствувате како конечно да сте успеале во животот.
5. Убав коктел после напорен ден
После долгиот ден на работа каде што сте имале расправија со шефот, прекрасно е чувството кога ќе се напиете силен и вкусен коктел кој ќе го смири вашето тело, но и вашиот ум.
6. Првиот бакнеж со некој кој навистина ви се допаѓа
Самото сознание дека му се допаѓате подеднакво на човекот кој ви се допаѓа вам е убаво исто како и сексот, а понекогаш можеби дури и поубаво.
7. Првиот ден од одморот
Затоа што чувствувате дека одморот е полн со можности и дека сѐ може да се случи.
8. Завршување на трогателна книга
Ако кажете дека крајот на последната книга од серијалот за Хари Потер не ве насмеа, расплака и натера триумфално да ги кренете тупаниците, тогаш сигурно лажете.
9. Првото гледање на филмот „Добри Момци“
Без разлика дали ви се допаднал или го мразите, чувството после првото гледање на филмот е како да ве заплискале со ладна вода во лицето и сте почувствувале нешта за кои не сте знаеле ни дека можат да постојат.
10. Кога вашите родители ви кажале дека се гордеат со вас
Чудно е кога на листата на подобри нешта од секс ќе прочитате родители, но сигурно го знаете ова чувство. Станува збор за онаа супериорност дека сте постигнале нешто големо, кога луѓето кои се грижеле за вас повеќе не ве гледаат како дете и почнуваат да се гордеат со личноста во која сте израснале.
11. Божиќна вечера
Затоа што цела година сте го чекале денот кога целото семејство ќе се собере покрај богатата божиќна трпеза.
12. Купување на нешто за кое напорно сте работеле
Има малку чувства подобри од моментот кога конечно сте купиле нешто за кое долго сте штеделе. Без разлика дали се работи за автомобил, куќа или едноставно за маичка со кратки ракави која со месеци сте ја меркале низ излогот, чувството кога ќе ја исполните оваа цел е подеднакво убаво како и сексот.