12 чудни нешта кои ги прават само паровите кои се во долга врска

12 чудни нешта кои ги прават само паровите кои се во долга врска

Вие го сакате партнерот и партнерот ве сака вас, но ако вашите пријатели знаат што правите зад затворени врати сигурно ќе си помислат дека сте чудаци. Не сте вие криви – вие само толку долго го/ја поддржувате вашето омилено чудаче што веќе тешко ви е да препознаете што е нормално, а што не.

Не треба да се срамите од ваквото однесување. Уште сте обземени од љубовта и не ви е воопшто грижа дали некому му изгледате чудно или не. Им се случува скоро на сите, па затоа прифатете го тоа и гордејте се со вашите чудни навики кои скоро сите ги имаме кога сме во долга врска.

1. Ја користи бањата додека вие се туширате

1-12-chudni-neshta-koi-gi-pravat-samo-parovite-koi-se-vo-dolga-vrska-kafepauza.mk

Ако некој друг го направи ова, веројатно би повикале полиција, но бидејќи се работи за вашиот партнер, ќе прогледате низ прсти.

2. Си ги стискате акните

2-12-chudni-neshta-koi-gi-pravat-samo-parovite-koi-se-vo-dolga-vrska-kafepauza.mk

Љубов е кога не се грозите од вакви нешта…

3. Влакна, влакна насекаде

3-12-chudni-neshta-koi-gi-pravat-samo-parovite-koi-se-vo-dolga-vrska-kafepauza.mk

Без разлика дали ги кубете или само ги забележувате, ги знаете сите делови од телото на кои партнерот има влакна, но сепак тоа не ви смета.

4. Си ја мирисате нечистата облека

4-12-chudni-neshta-koi-gi-pravat-samo-parovite-koi-se-vo-dolga-vrska-kafepauza.mk

Нема ништо поинтимно од тоа да си ги мирисате нечистите парчиња облека. Океј, освен тоа да им ја перете.

5. Се случува случајно да се облечете исто

5-12-chudni-neshta-koi-gi-pravat-samo-parovite-koi-se-vo-dolga-vrska-kafepauza.mk

Ова толку често ви се случува што веќе не се знае кој кого копира. Премногу ваши излегувања наликуваат на љубовни состаноци помеѓу близнаци.

6. Си ги преземате интересите

6-12-chudni-neshta-koi-gi-pravat-samo-parovite-koi-se-vo-dolga-vrska-kafepauza.mk

После ова и облекувањето како близнаци, насловот на вашата љубовна приказна треба да гласи „Како се претворив во мојот партнер?“

7. Одговарате на прашања со прдежи

7-12-chudni-neshta-koi-gi-pravat-samo-parovite-koi-se-vo-dolga-vrska-kafepauza.mk

Прдни еднаш за „да“ двапати за „не“.

8. Си кажувате тајни со ждригање

8-12-chudni-neshta-koi-gi-pravat-samo-parovite-koi-se-vo-dolga-vrska-kafepauza.mk

Вистинската тајна е дека премногу јадевте за да можете да се бакнувате.

9. Се гледате како спиете

10-12-chudni-neshta-koi-gi-pravat-samo-parovite-koi-se-vo-dolga-vrska-kafepauza.mk

Направете го ова со некој друг освен со партнерот и обидете се да не се чувствувате како убиец – ова e предизвик.

10. Се однесувате како неговата/нејзината мајка или татко

9-12-chudni-neshta-koi-gi-pravat-samo-parovite-koi-se-vo-dolga-vrska-kafepauza.mk

Кога веќе долго време се грижите за некого, повремено може да почнете да се однесувате како неговите/нејзините родители. Иако е со љубов, сепак е премногу чудно.

11. Изигрувате доктор

11-12-chudni-neshta-koi-gi-pravat-samo-parovite-koi-se-vo-dolga-vrska-kafepauza.mk

Вие не го побаравте ова задолжение и знаете дека немате никакво образование во тоа поле, но сепак некако вие сте првата личност на која партнерот ѝ се обраќа при здравствени проблеми.

12. Си зборувате на сопствен јазик

12-12-chudni-neshta-koi-gi-pravat-samo-parovite-koi-se-vo-dolga-vrska-kafepauza.mk

Од интерни шеги, до бебешки говор – никој не ве разбира што зборувате, но вам воопшто не ви е грижа за тоа. Едно од најзабавните нешта кај вљубувањето е кога имате некој со кого можете да го зачудите и исплашите светот. Затоа опуштете се и продолжете да бидете чудни заедно со вашиот/ата љубен/а.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар