12 божиќни вечери од 12 земји во светот - Part 2

12 божиќни вечери од 12 земји во светот

7. Австрија

12 божиќни вечери од 12 земји во светот

Традиционалното божиќно мени во Австрија содржи пржен крап. Но, последниве неколку години и мисирката станала популарна. Кога станува збор за десертите Австријците се држат до традицијата, а тоа е популарната „захер“ торта со џем од кајсии и многу чоколадо, која потекнува од Виена.

8. Нов Зеланд

12 божиќни вечери од 12 земји во светот

Нашите пријатели од јужната хемисфера Божиќ обично го слават во дворовите. Тие го користат топлото време за подготовка на скара, која е главниот оброк за Божиќ. Некои семејства повеќе сакаат морска храна како риби и ракчиња, а други шунка и други деликатесни меса.

9. Исланд

12 божиќни вечери од 12 земји во светот

„Hangikjöt“ е традиционалниот исландски специјалитет кој содржи тенко исечени варени парчиња месо со прилог од крем-сос. Јадењето е многу вкусно и може да содржи чадено јагнешко, овчо или коњско месо.

10. Италија

12 божиќни вечери од 12 земји во светот

„Гозбата со 7 риби“ традиционално се подготвува за Божиќ. Вечерата содржи седум оброци, меѓу кои морска храна како риби, октоподи и школки, па дури и пржена јагула. Последниот оброк е задолжително десертот „панетоне“.

11. Јапонија

12 божиќни вечери од 12 земји во светот

Верувале или не, над 3,6 милиони Јапонци Божиќ го слават со кофичка полна пржено пилешко месо во познатите ресторани за брза храна. Благодарение на силната кампања на овие големи ланци за брза храна во 70-тите години, луѓето се навлекле на брзата храна и на овој начин го прославуваат Божиќ.

12. Шведска

12 божиќни вечери од 12 земји во светот

Швеѓаните својата божиќна гозба традиционално ја поставуваат на добро познатата „шведска маса“. На трпезата ќе најдете шунка, риба, специјалитети од компири и „rosolli“ (салата која содржи ситно насечкано цвекло, компири, моркови, јаболка и крем).

Можеби сакате да се потсетите и која е симболиката на храната што се поставува на бадниковата трпеза?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар