11 важни животни лекции кои ги учиме од постарите сестри во текот на животот
Животот често знае да приреди многу непријатни и тешки ситуации, но тука е една личност на која секогаш може да се обратиме за совет – нашата постара сестра. Без разлика што е проблемот, сестрите секогаш знаат како да помогнат. Затоа слободно можеме да кажеме дека постојат многу нешта кои можеме да ги научиме од нашите постари сестри, а еве неколку од нив.
1. Како да се шминкаме
Ако не беше таа сигурно немаше да знаете дека сина сенка + светол кармин = психијатриски пациент.
2. Умилкување на родителите
Во зависност од тоа колку е добра во тоа, вашата сестра сигурно ве научила како да се умилкувате и што да кажете за да го добиете тоа што го сакате.
3. Вистинското значење на пријателството
Што и да се случи, вашата сестра секогаш ви го чува грбот.
4. Како да се однесуваме со машките
Раскинување, љубовни состаноци, дешифрирање на неговите зборови – сето тоа таа веќе го знае и најдобро може да ви помогне во вакви ситуации.
5. Како да пиеме алкохол
Постарата сестра добро знае да комбинира алкохолни пијалаци, па нејзиното знаење ви го пренесува и вам. Вашата сестра е и онаа која ќе ве спречи да звучите и да се однесувате како пијаница додека сте излезени.
6. Како да останеме силни
Без разлика низ што поминува таа, никогаш не сте ја виделе да попушти поради притисок, да плаче и да се сожалува.
7. Како да возиме автомобил
Вашиот прв обид зад воланот е ситуација во која двете врискате и се обидувате да го управувате возилото.
8. Значењето на горката вистина
Вашата сестра е секогаш спремна да ви даде совет. Без разлика колку е тој суров, знајте дека тој е крајно искрен. Понекогаш е тешко да слушнеме такви зборови, но по некое време ќе сфатиме дека е во право. Само бруталната искреност може да ве спаси од носење погрешни одлуки и правење ужасни грешки.
9. Како да се радуваме на малите нешта
Животот не треба да го сфаќаме толку сериозно. Кога имате сестра покрај вас, знаете дека нема потреба од драми, особено кога се во прашање мали и неважни нешта. Таа поминала низ полоши ситуации, затоа на малите препреки само се насмевнувате и продолжувате напред.
10. Како да делиме
Цел живот ви помина делејќи облека, соба, кола, така што во основа вие сте вистински професионалец за разменување.
11. Како да проститиме и да заборавиме
Да бидеме реални – кога имате сестра покрај вас, знаете дека вашиот однос нема цело време да биде совршен. Се карате, викате една на друга и кажувате некои тешки работи кои сме скоро сигурни дека не ги мислите. Без оглед на тоа, вие и понатака се сакате и таа врска ви олеснува да си простите и да заборавите што се случило – а сето тоа само ќе ве направи посилни.