11 работи за кои забораваме да им се заблагодариме на нашите баби

11 работи за кои забораваме да им се заблагодариме на нашите баби

Кој не ужива да поминува време со својата баба? Нејзиното присуство е мило, приземно, грижливо и исполнето со многу неочекувани мудри изјави. Бабите имаат толку многу љубов и духовно богатство во себе, а ние често забораваме да им се заблагодариме за сите добрини кои ни ги носат во животот. Заблагодарете ѝ се на вашата баба уште денес. Таа можеби скромно ќе ја прифати вашата благодарност, но повеќе од сигурно ќе го стоплите нејзиното срце.

11 работи за кои забораваме да им се заблагодариме на нашите баби

1. Ве научила како да бидете смели

Бабите се професионалци во коментирањето и критикувањето. Кога некој треба да го „симнете од облаци“, употребете некоја реченица од „Книгата на смелоста“ од вашата баба.

2. Ги поставила основите на вашите длабоки феминистички вредности

Бабите ги занемарувале верувањата дека мажите биле на некој начин супериорни над нив, во време кога таквото мислење било многу непопуларно. Знаејќи дека таа се борела за еднаквоста и женските права, ќе ве натера да ја побарате платата која што ја заслужувате и да му кажете на вашиот партнер дека денес него му е редот да ја исчисти куќата.

3. Ви дозволила да бидете дете

На секое дете му се потребни моменти во кои мирно ќе може да изеде една чаша сладолед и да гледа цртани филмови 6 часа без престан. Баби, ви благодариме што ни дозволивте да бидеме деца!

4. Ја споделува својата мудрост со вас

11 работи за кои забораваме да им се заблагодариме на нашите баби

Сите тие колоритни и живописни години од нејзиниот живот се едначат со едно виножито од мудрости. Бабите секогаш го имаат вистинскиот совет кога очајно ви треба мотивација во животот.

5. Не се срами од ништо

Важноста на здравото дебело црево не смее да остане заборавена и неценета и бабите сакаат да го покажуваат тоа на многу реален начин преку испуштање гасови. Секој ден. Без срам.

6. Го разбира вашиот дедо

Дедовците се супер, но понекогаш можат да бидат и малку груби. Бабите се најдобар пример како да го смирите или искорените „намуртеното“ во вас, зависно од ситуацијата.

7. Таа е брутално искрена

11 работи за кои забораваме да им се заблагодариме на нашите баби

Бабите ќе го кажат сѐ она што го мислат за другите или што другите мислат, дури и ако тоа не е многу вкусно. Тие немаат време за пристојност и сакаат да ја искажат својата поента. Ако ја апсорбирате храброста на вашата баба, тогаш сигурно ќе успеете во животот.

8. Таа ги научила вашите родители како да бидат добри родители

Ако вашата баба е добра и импресивна, тогаш има голема веројатност и нејзините потомци да го наследат тоа. За среќа, еден припадник на тоа потомство е и ваш родител. Потрудете се ја да пренесете таа добрина и на своите деца.

9. Ја задржала класичната уметност на рачно напишаните писма

Новите електронски уреди не ги фасцинираат бабите. Напротив, тие се зачудени и изненадени што повеќе нема часови за калиграфија и затоа ја задржале елегантноста на рачно напишаните писма кои се толку убави, што е невозможно да не ги прочитате. Не се откажувајте од уметноста да пишувате зборови со пенкало во рацете.

10. Таа сака секогаш да бидете сити и најадени

Бабите обожаваат да нѐ хранат со највкусни рецепти и комбинации на јадења, посебно со пити и слатки работи.

11. Никогаш не се извинува за својот уникатен стил

11 работи за кои забораваме да им се заблагодариме на нашите баби

Никогаш нема да ја начекате баба ви како уште еднаш се проверува во огледалото или нервозно си игра со облеката. Таа, иако носи само светли бои, сјаен накит и супер очила, го носи својот стил со гордост и ве инспирира и вие да го правите истото. Никогаш не треба да се извинуваме за нашата оригиналност и уникатност, а токму храброст на бабите е таа што ни го отвора патот кон почитувањето на индивидуалноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар