11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

Колку пати ви се случило да ве прашаат што е најлошото што би можело да ви се случи доколку јадете глутен? Или пак, да ве осудуваат затоа што прочитале на интернет дека работите не се онака како што вие ги кажувате? Доколку страдате од целијакија или пак, имате нетолерантност или алергија на глутен, тогаш без сомнение барем еднаш сте ги слушнале овие 11 изјави или прашања од вашите пријатели.

1.„Што е најлошото што може да се случи?“

(1) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

За оние кои страдаат од целијакија, глутенот може да биде опасен по живот. Помалите симптоми вклучуваат гасови, надуеност, дијареја, проблеми со кожата, мигрени главоболки, воспаленија и промени на расположението. Тоа ви звучи како нешто што не е лошо?

2. „Дали само се обидуваш да ослабиш?“

(2) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

Не. Само се обидувам да ги избегнам сите симптоми кои се набројани погоре.

3. „Па, дали некогаш пак ќе можеш да јадеш глутен?“

(3) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

Дали би го поставиле ова прашање на некој кој има алергија на кикирики? Или пак, на некој кој е алергичен на убод од пчели? Не. Секако.

4. „Точно знам како се чувствуваш, јас сум вегетаријанец.“

(4) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

Да се биде вегетаријанец е избор. За оние кои се нетолерантни на глутен тоа е медицинска состојба. Токму затоа и не можете да разберете како е.

5. „Ах, прочитав на интернет…“

(5) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

Интернетот е познат по омразата кон оние со уникатен режим на исхрана. Интернетот исто така е познат и по ширење погрешни факти. Токму затоа ако тоа што сте го прочитале не е составено од доктор или од личност нетолерантна на глутен, воопшто не го спомнувајте.

6. „Како можеш да живееш без леб?“

(6) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

Дали некогаш би прашале алкохоличар како живее без алкохол? Не, бидејќи неговата битка е очигледна и сигурно не би ви било пријатно. Но, истото се случува и со оние кои имаат целијакија.

7. „Ах, слушнав дека тоа е само нешто што во моментов е во тренд.“

(7) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

И покрај тоа што во последно време се зголемува јавниот интерес за безглутенската исхрана, тоа не значи дека оваа состојба не постоела одамна и дека нема да постои уште долго во иднина.

8. „Отсекогаш си го пребирал тоа што го јадеш.“

(8) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

Зарем вие мислите дека овие луѓе уживаат во избегнувањето глутен?

9. „Безглутенска исхрана? Мора да го пробам тоа.“

(9) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

Доколку некој ваш пријател ви каже дека се бори против депресија или пак, се обидува да ја победи својата зависност, дали мислите дека би помогнало доколку вие би се запрашувале гласно дали е време да се подготвувате за летната сезона? Секако дека не.

10. „Би те поканил/а ама не знам што би јадел/а.“

(10) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

Ти благодарам за разбирањето. Добро е да знам дека нашето пријателство е валидно само доколку има тестенини на менито.

11. „Да, мислам дека е безглутенско. Би требало да бидеш во ред.“

(11) 11 глупави нешта кои луѓето им ги кажуваат на оние кои не смеат да јадат глутен

Тоа е исто како да кажете: „Да, мислам дека овој пиштол не е наполнет, така да би требало да бидете во ред.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар