11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

Оние што обожаваат да читаат книги знаат што значи со часови да се изгубите во светот на книгата, да се поврзете со нејзините ликови и да заборавите на стресот предизвикан од секојдневниот живот. Но, исто така, вистинските љубители на книги честопати стекнуваат некои чудни навики поврзани со читањето. Како на пример, таа дека никогаш не може да имате премногу книги, па тие полека почнуваат да го зафаќаат целиот простор во вашата соба или стан, но вам не ви пречи и секогаш сте расположени да тркнете до блиската библиотека или книжара.

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

Од измислувањето изговори за да прочитате повеќе книги до вашето додевање за најновата книга што сте ја прочитале на секој кој ви обрнал внимание, нема сомнеж дека читателите имаат навистина откачени навики. Ако сте вистински љубител на книгите, сигурно ќе се пронајдете во следниве 11 чудни работи…

1. Сте го искривиле вратот за да видите што чита човекот до вас

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

Во автобус, во паркот, на плажа… Сите сме се истегнале малку повеќе отколку што треба за да видиме што чита човекот до нас.

2. Сте потрошиле повеќе пари отколку што сте имале на книги

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

Не знаете како, ама вашиот буџет значително се намалува секогаш кога ќе здогледате книжара. Секогаш.

3. Сте ги откажале сите планови за да читате книга

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

Слободно можете да признаете. Сите сме го направиле тоа.

4. Ликовите од книгите ментално сте ги сместувале во куќите на Хогвартс

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

Станува збор за најобична навика. Ништо страшно.

5. Сте ги мирисале книгите

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

Особено ако станува збор за нови книги!

6. Не сте можеле да одлучите која книга да ја понесете на одмор

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

Одморите служат за релаксација, а тоа значи многу слободно време за читање! Но, најмногу време губите на тоа да одлучите кои книги да ги земете и колку. Што ако веднаш ги прочитате сите книги, или што ако не ви се допадне некоја? На грижите им нема крај!

7. Го сфаќате лично фактот што некој не сака да чита

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

Како е тоа воопшто возможно?!

8. Сте почнале да читате книга пред да си легнете

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

Иако многу добро ви се познати последиците и знаете дека нема шанси да заспиете.

9. Сте го ѕирнале крајот на книгата

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

И сте виделе нешто што целосно ви го уништило впечатокот. Божем не знаевте дека ќе се случи ова…

10. Сте се чувствувале мамурни откако сте завршиле неверојатна книга

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

По секоја неверојатна книга што ќе ја прочитате се чувствувате празно бидејќи се прашувате што ќе правите потоа.

11. Сте се жалеле дека чантата ви е премногу тешка иако сте знаеле точно зошто е тоа така

11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

Секогаш носите повеќе книги во чантата. За секој случај. Од каде да знаете кога ќе ви затреба некоја?!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар