10 типови вежбачи кои ги среќавате во секоја теретана
Во салите за вежбање одат секакви луѓе, но овие ќе ги сретнете во секоја теретана.
Стариот – Овие луѓе ги креваат тренерките до под гради, жестоко се напрегаат за време на тренингот, а всушност само мавтаат со тегчиња од по 1 кг. Нема разлика меѓу машката и женската верзија од овој тип.
Жител на теретаната – Овој тип речиси живее меѓу справите и теговите. Тој носи шорц и рамбовка со цел да се гледа што повеќе од неговата блескава депилирана кожа. Во неговата торба можеби не носи многу облека за тренирање, но затоа носи шишенце со креатин.
Новиот – Овие типови се забележливи од далеку. Тие не можат да сфатат како функционираат справите, ама храбро се обидуваат да дознаат. Неретко ќе ги видите како паѓаат од лентата за брзо одење. Новиот ќе го препознаете по новата опрема за вежбање за која очигледно платил мнооогу пари. Утредента сепак нема да го видите. Се исфорсирал, па сега има воспаление на мускули.
Зборувачката – Овој лик можеби нема да го препознаете по изгледот, но дефинитивно ќе го чуете од секој дел од теретаната. Таа трча на лента и задишано се дере во телефонот. Нејзината единствена задолжителна опрема се слушалките поврзани за нејзиниот смартфон.
Испотениот – Овој тип не може да си помогне себеси, едноставно премногу се поти. Иако никогаш не го заборава пешкирот, тоа не помага многу, па другите избегнуваат да ги користат справите после него.
Јогистката – Овие женски кои доаѓаат во групи, вежбаат јога или пилатес и одвреме-навреме се појавуваат во теретана за да покажат дека се вистински вежбачи. Тие се совршено облечени за средината од која доаѓаат, а овде ќе ги забележите заради ултракратките маичи и совршените хеланки.
Надуваниот – Овој тип го има најчесто. Тој ги прескокнал сите денови кога требал да вежба нозе, зашто премногу се посветил на раце и гради. Крева повеќе отколку што може, а оние околу него имаат впечаток дека во секој момент ќе прсне.
Самозалажувачот – Овој лик оди во теретана за да може да јаде и пие без грижа на совеста. Ќе вежба 15 минути на велосипед, а потоа се пресоблекува и го вади од шкафчето огромниот чоколаден калоричен шејк.
Воајерот – Овој лик ќе го забележите, сакале или не. Тој повеќе посматра отколку што вежба.
Нарцисот – Овие ликови вежбаат, не дека не. Но тие значителен дел од тренингот посветуваат гледајќи се себеси во огледало и фаќајќи „селфи“ фотки на паузата помеѓу секоја серија. Во нивните мобилни, во секој момент можете да видите фотка од секое мускулче на нивното тело.