10 суштества кои докажуваат дека супермоќите навистина постојат во реалноста
Суперхероите не постојат само во филмовите. Некои супермоќи навистина постојат во реалниот свет. Следниве суштества ќе ве изненадат со нивните смешни, чудни и понекогаш одвратни способности кои не ги поседува ниту еден суперхерој. Погледнете за што станува збор…
1. Бесмртна медуза
Оваа медуза го почнува животот како мало меурче кое плива слободно и се вика планула. Потоа, таа расте во колонија на полипи и се развива во медуза. Во случај на напад, изложеност на стрес или болест, може да се врати во нејзината првобитна фаза на полип и да формира нова колонија на полипи, поради што медузата е бесмртна.
2. Гол крт-стаорец
Кожата на овие глодари не ја содржи супстанцата што е одговорна за праќање сигнали за болка до централниот нервен систем кај цицачите. Како резултат на тоа, голиот крт-стаорец не чувствува болка. Тој е исто така познат по неговата висока отпорност од рак.
3. Тардиград
Овие мали животинчиња се сметаат за најсилните суштества во природата, бидејќи речиси е невозможно да ги убиете. Тие можат да живеат во екстремни услови, како на пример, температури од минус 272 степени Целзиусови до 150 степени Целзиусови, притисок до 40.000 килопаскали, неверојатно високи радијации и вакуум на отворен простор. Тие можат да издржат без храна и вода повеќе од 30 дена.
4. Влакнеста жаба
Оваа жаба може да си ги скрши коските за да ѝ пораснат канџи, кои не се вистински канџи, бидејќи се создадени од коски, а не од кератин. Во нормални околности, секоја канџа мирува внатре во прстите. Но, ако жабата се исплаши или некој ја нападне, канџите, кои се остри како нож, може да ја пробијат кожата и да ги скршат коските. Исто како Волверин!
5. Рак богомолка
Овој рак има многу сериозно оружје: Моќни канџи како чекан кои не само што се неверојатно остри, туку и можат да се движат со брзина од 23 метри во секунда. Научниците мораат да ги чуваат во цврсти пластични кафези, бидејќи некои поголеми видови можат да го скршат стаклото на аквариумот.
Продолжува на следната страница…