10 супермоќи на мачките

10 супермоќи на мачките

Мачките отсекогаш биле популарни домашни миленици и не е тешко да се види дека тие навистина се фасцинантни суштества. Но бидејќи ги има насекаде, често имаме тенденција да ги занемаруваме нивните несекојдневни способности. Сега е време да сфатите колку е импресивна вашата мачка.

1. Брзина

(2)-10-super-mokji-na-machkite-kafepauza.mk

Мачките се екстремно брзи животни, особина што ја делат со нивните поголеми и пострашни роднини: тигрите, леопардите, пумите итн. Прилично големо семејство на тркачи. Домашните мачки лесно може да достигнат брзина и до 50км/ч, што е повеќе од најголемата брзина што може да ја достигне Усеин Болт.

2. Скокање

Мачките навистина можат да скокаат! Моменталниот светски рекорд е 182,82 см и бил поставен во Остин, Тексас. Мачките исто така се експерти и за скок во височина. Повеќето мачки можат да скокнат пет пати повисоко од нивната висина, што значи 150 см. Светскиот рекорд го држи мачка од Јапонија, која пркосејќи ѝ на гравитацијата скокнала 196 см во височина.

3. Еластичност

(3)-10-super-mokji-na-machkite-kafepauza.mk

Ако некогаш сте имале мачка или сте имале можност да набљудувате мачка подолго време, тогаш знаете колку се тие еластични. Мачките со голема леснотија можат да поминат низ секој процеп што е поголем од нивната глава, а во споредба со нив секој акробат изгледа смешно.

4. Сила

Мачките според градбата се предодредени за брзо трчање и голема агилност, а за ова да е возможно потребна е голема мускулна сила. Силната анатомска градба на мачките и прецизно поставените канџи им овозможуваат со леснотија да се искачат по секоја површина. Иако генерално се срамежливи и нежни, мачките од видот мејн кун веројатно се најсилните домашни мачки и потребна е голема претпазливост кога се во присуство на мали деца.

5. Супер слух

1-10-super-mokji-na-machkite-kafepauza.mk_

Ушите на мачките се како мобилни сателитски антени, со поле на движење од 180 степени. Со неверојатни 52 мускули кои ги контролираат нивните уши, мачките можат нив да ги придвижуваат независно, со цел да се фокусираат и на најтивките звуци.

6. Супер вид

Мачките имаат големо поле на видливост, околу 200 степени, што е за 20 степени повеќе одошто кај човекот. Ова им помага да станат одлични ловци, бидејќи имаат високосензитивен периферен вид. Исто така имаат одлична ноќна видливост и не мора да трепкаат постојано, што ги прави застрашувачки ноќни ловци.

7. Супер тивки

7-10-super-mokji-na-machkite-kafepauza.mk

Ако мачката не сака да забележите дека доаѓа, веројатно и нема да забележите. Меките шепи, заедно со притаениот од ѝ овозможуваат на мачката да се движи скоро бесчујно. Не случајно го користиме терминот „како мачка“ за итри, бесшумни и лесни движења.

8. Слободно паѓање

Дека мачките секогаш паѓаат на нозе е нешто кое сите сме го слушнале. Познато е дека тие може да преживеат пад на бетон од 32-ри кат без никаква повреда и веројатно од ваквите подвизи излегол митот дека мачките имаат девет животи.

9. Супер популарни

(0)-10-super-mokji-na-machkite-kafepauza.mk

Мачките се во близина на луѓето повеќе од 9 илјади години. Старите Египќани ги обожувале, а интернетот денес не може без нив. Првото видео со мачки било снимено еден век пред Јутјуб. Видеото од две мачки кои боксуваат меѓу себе го снимил никој друг туку Томас Едисон во 1894.

10. Супер опуштени

Мачките се господари на уживањето и релаксацијата и преспиваат 70% од нивните животи. Кога спијат некои мачки `рчат. Ако мустаќите или шепите на вашата мачка треперат додека спие, голема е веројатноста дека сонува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар