10 работи што можат да си ги дозволат многу мал број луѓе во светот

10 работи што можат да си ги дозволат многу мал број луѓе во светот

За поголемиот дел од светот, стан се купува на кредит, автомобил се издава под закуп, а одморите се отплатуваат на кредитна картичка до 24 месеци. Милионерите припаѓаат на оној мал број луѓе во светот кои не треба да размислуваат за пари.

Еве како ги трошат своите пари и што можат да си дозволат.

1. Мегајахти од половина милјарди долари

Милионерите купуваат јахти, а милијардерите мегајахтите. Во 2010 година, Роман Абрамовиќ ја купи суперјахтата Еклипс, за која плати неверојатни 500 милиони долари.

10 работи што можат да си ги дозволат многу мал број луѓе во светот

2. Скапи уметнички дела

Најскапата слика некогаш продадена на аукција е дело на Леонардо да Винчи наречено Салватор Мунди (Спасител на светот). Масло на платно од 1500 година, на кое е претставен Исус Христос, продадено на аукција во Кристис за 450 милиони долари. Муштеријата? Саудискиот принц Бадр бин Абдулах бин Мохамед бин Фархан Ал Сауд.

3. Куќа од 100+ милиони долари

Најбогатите луѓе во светот живеат во најскапите домови сместени во изолирани и добро обезбедени места и вклучуваат монументален имот со хелиопади, приватни спортски сали, кина, базени, џакузи и други луксузи. Џеф Безос го купи најскапиот имот во Калифорнија во февруари годинава, поточно дом во Беверли Хилс вреден 165 милиони долари. Од друга страна, најбогатиот Индиец живее со своето семејство во облакодер вреден 2,2 милијарди долари.

4. Вселенско патување

За вселенскиот туризам многу се зборува со години, но не е постигнат напредок во приближувањето на оваа активност до „обичните луѓе“. Наса троши 60 до 150 милиони долари за лансирање ракети во вселената, а првиот патник кој патуваше во орбитата на Земјата беше Денис Тито. За оваа авантура плати 20 милиони долари.

5. Учество во филм

Некои богати луѓе навистина мораат да работат напорно за да се најдат на излегувањето на голем филм како што се филмовите на Стивен Спилберг. Другите ги вложуваат своите пари во филм и добиваат продукциска титула.

6. Сопствен авион

Милионери летаат од прва класа и изнајмуваат приватни авиони. Но, само милијардерите можат да си дозволат сопствен авион и да плаќаат висока цена за одржување. Модел како „Галфстрим Г650“ се продава за 65 милиони долари.

7. Приватна подморница

Кој размислува да нурка 20.000 милји под вода? Милионерите. Тие лесно можат да си дозволат приватна подморница како Тритон, која чини околу 48 милиони долари и може да стигне до самото дно на океанот.

8. Ретро спортски автомобил

Можеби вие ќе издвоите околу четвртина милиони долари за новиот модел на Тесла. Но, ако сакате да возите ретки колекционерски предмети како Ferrari 250 GTO од 1962 година, ќе мора да издвоите неколку десетици милиони долари. Направени се само 39 примероци од овој модел, а на приватна аукција во 2014 година, еден беше продаден за цели 38 милиони долари.

10 работи што можат да си ги дозволат многу мал број луѓе во светот

9. Зграда со сопственото име

Потребни ви се неколку стотици илјади долари за да основате фондација со свое име. Но, ако сакате вашето име да биде на зграда, ќе мора да издвоите од 15 до 20 милиони долари. Бостонскиот магазин еднаш објави дека ова се цените за именување делови во бостонските болници, односно на фасадите на важни згради.

10. Фонации за кучиња

Што би се случило со вашето омилено милениче во случај на ваша смрт? И богатите размислуваат за тоа.. Наследничката на големата хотелска империја, Леона Хелмсли, му остави дел од хотел на своето кученце кој е вреден околу 12 милиони долари.

Прочитајте кои се 12-те погрешни верувања за богатите луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар