10 причини кои дефинитивно ќе ве убедат да облечете бабини гаќички

10 причини кои дефинитивно ќе ве убедат да облечете бабини гаќички

Заврши ерата на тангата, а бабините гаќи се повторно ин! Според американската истражувачка компанија „NPD Group“, продажбата на танга гаќичките опаднала за 7% минатата година, додека продажбата на машките шорцеви, килотите и гаќичките со висок струк се зголемила за дури 17%. Точно така девојки, удобните гаќички се повторно модерни. И еве ви листа од 10 причини зошто треба да ги носите.

0-10-pricini-koi-definitivno-ke-ve-ubedat-da-oblecete-babini-gakicki-kafepauza.mk

1. Тие се кул

Никогаш не би помислиле дека зборовите кул и бабини гаќи ќе се најдат во иста реченица. Бернардет Кисејн, аналитичар на продажби во „Евромонитор“ – фирма за истражување на пазарот, открива дека гаќичките кои го прекриваат задникот се фаворити меѓу младите. „Завршија петте минути слава на тангите“ – вели таа.

2. Идеални се за „оној период од месецот“

Како ќе ги залепите крилцата ако нема на што да се залепат? Ете уште една причина зошто треба да носите бабини гаќички.

3. Ги има со секаков дизајн

Тангата е премногу мало парче за да може да прикаже принт од омилениот збор или дезен со вашиот омилен лик од цртаните филмови. Затоа пак, на бабините гаќички може да се нацртаат сите седум кралства од Вестерос (фановите на Игра на тронови знаат) и сѐ уште да има место да се претстави земјата после Ѕидот.

2-10-pricini-koi-definitivno-ke-ve-ubedat-da-oblecete-babini-gakicki-kafepauza.mk

4. Не предизвикуваат болка

Без разлика колку се убави тангите, тие навистина предизвикуваат непријатни болки. Кај бабините гаќи го немате тој проблем и можете да уживате во комфорот колку што сакате.

5. Тие се многу поздрави

Бидејќи тангите се многу тесни во пределот на препоните, материјалот многу лесно може да се поместува меѓу ректумот и вагината – што значи и бактериите се шетаат со нив.

6. Тие се секси

Иако ги нарекуваме бабини гаќи, тие го поткреваат задникот, ги нагласуваат вашите облини, имаат многу различни дизајни и да, секси се. Сигурно сте ги виделе фотографиите од пин-ап заводничките од 50-тите. Нема ништо „бабино“ кај нив, така?

1-10-pricini-koi-definitivno-ke-ve-ubedat-da-oblecete-babini-gakicki-kafepauza.mk

7. Не морате да се депилирате

Кога носите гаќички кои го покриваат задникот, не морате да се грижите за срамните влакненца кои ѕиркаат од рабовите. Ја имате целата слобода на светов.

8. Линиите што се познаваат од гаќичките и не се толку страшни

Зошто да се движите со болки и непријатно чувство кога постојат гаќички со тенки рабови благодарение на кои линиите воопшто не се познаваат?

9. Дури и мажите сметаат дека тангите се нелогични

Јутуб комичарот Роби Ширард има објавено видео во коешто се обидува да ги разбере танга гаќичките. Некои од неговите забелешки се од типот: „Прво мислев дека е ремче за кучиња“, „Ова е всушност ланче за препоните“, „Сум видел фломастери со повеќе материјал од ова.“ Па во право е. Тангите се апсурдни, а работите стануваат уште посмешни кога ќе се сетиме дека ги носиме за да ги задоволиме мажите.

10. Удобни се

Е поголема причина од оваа навистина не ви е потребна. Нивната удобност е единствената и најважна причина зошто треба да ги носите. А кога ви е удобно се чувствувате супер и изгледате супер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. lol Reply

    Kај нас сеуште табу тема се тангите:-)

Остави коментар