10 причини поради кои ќе се вљубите во Куба
6. Изобилува со пејзажи кои ќе ви го одземат здивот
Мислите дека во Куба има само плажи и автентични автомобили? Размислете повторно. Со нејзините изненадувачки пејзажи од карстни ридови и бујни шуми, долината Вињалес е дефинитивно една од најубавите дестинации во Куба. Позната како земјата на тутунот, Куба е совршеното место каде што можете да го искусите пријателскиот однос и топлината на традиционалната рурална култура од прва рака.
7. Куба е рај за љубителите на архитектурата
Колонијална, маварска, барокна и модернистичка, Куба може да се пофали со една од најеклектичната и најимпресивната историска архитектура во Новиот свет. Најубав е можеби градот Сјенфуегос, кој е дом на една од најимпресивните колекции од неокласичната архитектура на Карибите.
8. 9-те светски наследства кои треба да ги истражите
Куба може да се пофали со дури девет светски наследства на УНЕСКО, а тоа е речиси колку сите останати наследства на Карибите искомбинирани заедно. Од идилични национални паркови со водопади и колонијални плантажи со кафе, до колонијалните тврдини во Хавана и Сантијаго, Куба си има навистина богата историја, којашто вреди да се истражи.
9. Храната е прекрасна, а коктелите се уште подобри!
Дали ќе вкусите бавно печено свинско месо со мохо или тазе уловена морска храна, кубанската кујна е вистинско откровение за сите гурмани. Кубанскиот рум исто така се смета за еден од најдобрите во светот, што не е изненадување, со оглед на фактот дека потекнува од земјата која ни ги подари Даикири, Мохито и Куба либре.
10. Има музика насекаде!
Без разлика дали ќе се шетате по широкото шеталиште Малекон во Хавана или ќе се релаксирате на островските плажи, во Куба ќе слушате музика каде и да одите! Секојдневниот живот во Куба се движи во ритамот на сон, салса, тимба и регетон и тешко дека ќе најдете хотел или ресторан, кој не нуди жива музика.
Разгледајте ги и овие фотографии поради кои ќе посакате да отидете до Куба.