10 познати холивудски парови кои изгледаат како брат и сестра
Според едно истражување, голем број брачни парови навистина личат едни на други затоа што имаат исто потекло. Истражувачите ги проучувале гените на 879 брачни парови од три генерации од северна, западна и јужна Европа.
Истражувачите откриле дека луѓето стапувале во брак со луѓе со кои делеле генетски карактеристики, но оваа тенденција се намалувала од генерација до генерација.
Некои постари истражувања покажале дека сличноста меѓу паровите кои се заедно долго време може да се објасни и со фактот дека тие честопати ги споделуваат истите емоции. На пример, гледаат исти ТВ серии и се смеат или се муртат за исти работи. Така, тие подлежат на слични промени на брчките на лицето.
Иста боја на очите и косата, слична форма на носот, полни усни се само некои физички карактеристики што ги споделуваат некои од холивудските парови. Погледнете 10 од нив.
1. Софи Хантер и Бенедикт Камбербач
2. Дилан Спроус и Барбара Палвин
3. Жизел Бундхен и Том Брејди
4. Руни Мара и Хоакин Феникс
5. Џесика Алба и Кеш Ворен
6. Алексис Бледел и Винсент Картајзер
7. Кортни Кокс и Џони Макдејд
8. Маги Џиленхол и Питер Сарсгард
9. Џастин Тимберлејк и Џесика Бил
10. Никол Кидман и Кит Урбан
Можеби ќе ве интересира и како изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?