10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

За овие спектакуларни планински предели вреди да патувате толку многу далеку.

1. Му Канг Чаи, Виетнам

10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

Полињата со ориз во рамките на планинскиот венец Хоанг Лиен Сон во северен Виетнам изгледаат како некаква сцена од бајките.

2. Виникунка, Перу

10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

Позната и како „планина во боите на виножитото“ или планина во 7 бои, Виникунка со право е едно од најценетите природни чуда во Перу и во светот.

3. Киркјуфел, Исланд

10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

Киркјуфел е најфотографираната планина на Исланд со уникатна положба на полуостровот Снафелснес. Нејзиниот врв изгледа како да излегува од водата, поради што привлекува многу љубители на природата.

4. Три сестри, Сини Планини, Австралија

10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

Карпата Три сестри е невообичаена форма пронајдена во рамките на Сините Планини во австралиската држава Нов Јужен Велс.

5. Доломити, Италија

10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

Иако сите Алпи се спектакуларно чудо на природата, Доломитите, кои се наоѓаат во Италија, односно во провинциите Венето, Јужен Тирол и Трентино, се издвојуваат во овој планински масив.

6. Матерхорн, Швајцарија

10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

Списокот на зачудувачки планински области не би бил целосен без Матерхорн – планина во швајцарските Алпи што се издигнува на 4 478 метри надморска височина.

7. Андите, Лагуна Колорада, Боливија

10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

Андите се најдолгиот планински венец во светот, кој се протега на околу 7 200 километри во Јужна Америка. Особено убав е делот околу лагуната Колорадо во Боливија – црвено солено езеро кое привлекува фламинга.

8. Националниот парк Жангие, Кина

10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

Во центарот на Кина, во областа Сунан и Линза, се наоѓа Националниот парк Жангие, познат по своите шарени карпести формации што се сметаат за еден од најубавите кинески предели.

9. Фиц Рој, Патагонија

10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

На границата помеѓу Аргентина и Чиле се наоѓа оваа неверојатна планина, која не се заборава откако ќе ја посетите еднаш.

10. Фуџи, Јапонија

10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

Оваа вулканска планина висока 3 776 метри се смета за највисок врв во Јапонија и се наоѓа во централниот дел на островот Хоншу.

Прочитајте повеќе за шарените планини со боја на виножито што се слева по врвовите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар