10 нешта кои само цимерките можат да ги разберат
Потребно е многу труд и време за да се најде цимерка која ќе биде со слични размислувања на вашите. Но, откако ќе го направите тоа, вашиот живот ќе почне да се движи во сосема нова насока. Започнувајќи од долгите разговори за љубовта, па сè до големиот број шишиња вино кои сте ги испиле, погледнете ги овие 10 нешта кои целосно можат да ги разберат само оние кои живеат или некогаш живееле со цимерка…
1. Потсетници низ целиот стан
Вие постојано оставате пораки и потсетници една за друга и вашиот стан изгледа како низ него да поминала бура од самолепливи ливчиња во различни бои.
2. Сè е поврзано со вино
Тапии во различни бои, празни шишиња наполнети со декоративни камења, чаши од вино со вашите имиња… Можностите се бескрајни кога станува збор за ентериер инспириран од виното.
3. Има поголеми шанси во фрижидерот да имате шампањ отколку млеко
Често се случува да го отворите фрижидерот со намера да си направите кафе, но на крај да завршите пиејќи шампањ бидејќи сте заборавиле да купите млеко. Во било кое време од денот.
4. Вашите тампони се наоѓаат во чаша од вино во вашиот тоалет
Погледнете само колку поубаво изгледаат тие во оваа чаша декорирана со цветчиња. Вие сте навистина организирани и снаодливи.
5. Кога сте лути на вашето момче, не постои подобро нешто од одењето дома
Без разлика на ситуацијата, вашата цимерка е секогаш подготвена да ве ислуша и поддржи во секоја изјава. Додека пиете чаша вино, секако.
6. Вашите месечни циклуси се синхронизирани
И во тие клучни моменти од месецот никој не сака да биде во ваша близина, бидејќи вие сте двоен емоционален ролеркостер!
7. Празниците никогаш не ви биле позабавни
Покрај личноста која размислува исто како вас, вие не можете да не најдете причина да организирате забава. Без разлика дали станува збор за планиран настан или спонтан, вие секогаш правите журка за помнење.
8. Можете да седите во вашата долна облека
И никој нема да ви замери за тоа. Особено во топлите летни денови, кога температурите се неиздржливи.
9. Со тек на време вашите шкафови се спојуваат во еден
Вие без проблем ја разменувате вашата облека секојдневно, бидејќи веќе не знаете точно што е ваше, а што нејзино…
10. Ова ќе биде најдоброто време од вашиот живот
Наоѓањето добра цимерка не е лесна задача, но откако ќе успеете во тоа, вие ќе добиете пријателка која ќе биде покрај вас до крајот на вашиот живот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.