10 непријатни знаци кои покажуваат дека сте на вистинскиот пат

10 непријатни знаци кои покажуваат дека сте на вистинскиот пат

Зоната на удобност е убаво место, но доколку останете таму никогаш не би можеле да напредувате. Кога сте задоволни со животот, вие престанувате да растете како поединци бидејќи се наоѓате во период кога мирувате. Овие период се сосема нормални, и здрави по долгиот пат до остварувањето на вашата цел, но не треба да останете засекогаш заглавени во нив. Како инаку би продолжиле да напредувате? Токму затоа и кога доживувате непријатни емоции, тоа е всушност знак дека поминувате низ доба на промени која ве води до следната цел. Следуваат најчестите 10 од овие непријатни емоции кои покажуваат дека сте на вистинскиот пат во вашиот живот и дека растете како личност.

10 непријатни знаци кои покажуваат дека сте на вистинскиот пат

1. Бесцелност

Можеби ви делува парадоксално, но чувството на бесцелност е еден од најголемите знаци дека сте на вистинскиот пат. Дури ни кога не знаете во која насока треба да тргнете, но сепак знаете што сте изгубиле досега, вие всушност почнувате да се пронаоѓате себеси.

2. Тежина

Кога чувствувате тежина која доаѓа од одговорноста за вашиот сопствен живот, вие станувате свесни дека сте единствената личност која има контрола врз сите оние нешта кои ви се случуваат. Оваа одговорност е знак дека вие сте зрели и знаете што сакате од животот.

3. Страв од неуспех

Откако ќе ја освестите вашата одговорност, големи се шансите дека ќе почне да ви се појавува чувство на сомнеж, па дури и страв дека ќе доживеете неуспех при обидот да ги остварите вашите соништа. Овој страв расте само кога мора да направите промена со цел да успеете.

4. Страв од промени

Како што спомнавме погоре, понекогаш е повеќе од неопходно да направите промена со цел да можете да продолжите понатаму. Но, тоа значи и дека ќе мора да излезете од вашата удобна зона, па затоа и сте толку исплашени од правењето на следниот чекор.

5. Чувство дека времето пребрзо поминува

Дури и ако знаете како можете да ги претворите вашите планови во дела, вие едноставно не можете да се оттргнете од чувството дека времето не е на ваша страна. Неделите, месеците, па дури и годините како да летаат крај вас, оставајќи ви многу малку време за вашите цели.

6. Истоштеност

Не е воопшто чудно што многумина се чувствуваат истоштено живеејќи го овој нов, модерен и брз начин на живеење. Токму затоа и секој ги брои деновите до следниот викенд и празник, со цел да може да паузира од бескрајниот циклус работни обврски.

7. Безначајност

Доволно е само да погледнете нагоре, кон ѕвезденото небо, и да се почувствувате како мало и неважно парче од сложувалката, без кое воопшто нема ни да се забележи разлика во големата слика. Но, не заборавајте дека дури и парчињата кои се невидливи, имаат своја улога!

8. Тага

Без разлика колку сте постигнале, вие понекогаш не можете да се спречите да чувствувате необјаснива тага. Најчесто станува збор за умор, кое вашето тело го преточува во тага со цел да ви даде до знаење дека треба да забавите, за да можете наредниот ден да стартувате со полна сила.

9. Посакувате време за себе

Сега, повеќе од кога било порано, уживате да поминувате моменти на мир, со цел да се ослободите од грижите и потешкотиите кои доаѓаат со секојдневниот живот и да ја почувствувате слободата кога сте сами со вашите мисли.

10. Посакувате да се чуе вашиот глас

Имате толку многу нешта што сакате да ги кажете, но не сте сигурни како да го сторите тоа. Вие сакате да ве чујат сите, јасно и гласно, но сте неодлучни бидејќи не сте сигурни како другите ќе ве доживеат. Заборавете на тоа и погрижете се вашиот глас да биде слушнат!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Gabriela Reply

    Bravo za avtorkata,se sto citam od nea kako da me odslikuva mene,kako da mi ja poznava dusata,kako da najdam nejzin kontakt. pozz do sajtov i do devojkata.

    • Моника Трајковска Reply

      Благодарам, навистина ми значи ова 🙂

Остави коментар