10 најевтини бунгалови и вили над вода
Сметувањето во вили и бунгалови над вода е наменето за оние со подлабок џеб, но ако веќе сте решиле таму да трошите пари, сајтот Price of Travel го направи изборот на 10 од нив во кои ќе си поминете најевтино. Цените се однесуваат на ноќевања во соба за двајца вон сезона.
Вилите на Златното палмино дрво, Малезија
Најевтините вили над вода се наоѓаат во Малезија, недалеку од Куала Лумпур. Двајца можат да преноќат овде за 118 евра.
Гангехи Ајленд Ресорт, Малдиви
Соба за двајца во најевтините малдивски бунгалови над вода чини 137 евра. Ако некој патува сам, ќе треба да плати само 106 евра за една ноќ над чистата вода на Индискиот Океан.
Корал Лоџ, Островите Сан Блас, Панама
Ова тивко одморалиште содржи само шест бунгалови. Цените се движат од 183 евра па нагоре.
Клуб Бали Хаи, Муреа
Основачите на Клуб Бали Хаи тврдат дека тие ги измислиле првите надводни бунгалови. Без оглед на тоа дали се во право, цената од 189 евра за една ноќ ги прави најевтини во овој дел од Пацификот.
Раијатеа Хаваики Нуи Хотел, Раијатеа, Јужен Пацифик
На малото островче Раијатеа, кое е изгубено некаде во Јужниот Пацифик се наоѓа овој хотел чии соби се над вода. Ако се упатите натаму ви требаат 192 евра по ноќевање.
Ентонис Ки Ресорт, Хондурас
Бунгаловите не се далеку во океанот како кај другите примери од оваа листа, но сепак влегува во оваа категорија. Сместени се на приватен остров недалеку од брегот на Хондурас. Ноќевањето за двајца чини 206 евра.
Отелито Десконсидо, Пуерто Валјарта, Мексико
За 206 евра можете да се сместите и во романтичниот Отелито Десконсидо на мексиканскиот брег. Хотелот се снабдува со енергија исклучиво преку соларни панели, така што гостите во некои вечери мораат да се потпрат само на свеќи, што и не им пречи многу.
Еклипс де Мар Аквалоџ, Панама
Ноќевањето над карипските води во Еклипс де Мар Аквалоџ е привлечно за оние со поавантуристички дух, поради разните спортски активности кои се нудат. Тоа чини 210 евра.
Медхуфуши Ајленд Ресорт, Малдиви
Вонсезонски аранжман на овој малдивски ресорт чини 213 евра. Сите 46 вили важат за доста големи за оваа цена.
Велидху Ајленд Ресорт, Малдиви
Малдивскиот остров Велидху не е толку голем и гламурозен како другите од архипелагот, но затоа е поевтин. Двајца можат за 225 евра да ноќеваат овде и да уживаат исто колку и на околните островчиња.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Prekrasni se site navistina. No kako istive da se vklopat i vo nasava
prekrasna priroda – na pr. kako shto e plitko Dojranskoto ezero, da se
napravi neshto nalik na ovie bungalovi …..