10 мисли со кои се соочува секоја жена додека купува костим за капење

10 мисли со кои се соочува секоја жена додека купува костим за капење

Колку пати ви се случило да помислите дека веднаш ќе почнете со вежбање откако ќе се видите во огледало со костим за капење? Или пак, сте се прашувале ли колку жени претходно го пробале токму овој модел? Погледнете ги најчестите 10 мисли со кои се сочуваат сите жени додека купуваат бикини…

10 мисли со кои се соочува секоја жена додека купува костим за капење

1. Со вакво осветлување и моделите би се чувствувале грозно

Научно е докажано дека доволно е само да размислувате за пробување нов костим за капење со цел да се онерасположите. Можеби тоа е и една од причините зошто светлото во кабината за пресоблекување ви ги истакнува и најситните маани на телото.

2. Веднаш по ова одам да се запишам во теретана

Зарем постои жена која помислила на чоколадо или колачи додека пробува различни модели на бикини?

3. Колку жени го пробувале овој модел пред мене?

Иако костимите за капење се пробуваат врз долната облека поради хигиена, понекогаш не можете да не се запрашате дали сите жени го почитуваат ова правило.

4. Зошто горниот и долниот дел не може да се купи одвоено?

На многу жени не им одговара истиот број на градник и гаќички. Токму затоа многу повеќе сакаат да ги купуваат одделно, во различни големини, отколку заедно.

5. Одбивам да купам уште еден едноделен костим за капење

Доколку сте изгубиле малку тежина, тогаш сигурно ќе сакате ова лето да го покажете ваше ново тело со помош на дводелен модел.

6. Колку добро ќе држи врвката на овие бикини?

Доколку се одлучите за бикини, сигурно ќе се плашите дали врвките доволно добро ќе ги држат на вашето тело. За жал, постојано се случуваат непријатни ситуации кои едноставно не можете да ги предвидите. Без разлика на моделот.

7. Дали овој модел ќе ми направи чудни линии од сончање?

Некои модели изгледаат одлично и забавно на вашето тело, но повеќето од нив оставаат необични траги на кои не се сончани и кои покрај обична облека можат да изгледаат многу лошо.

8. Зошто се толку скапи овие бикини?

Многу често премногу високата цена на одредени модели непријатно нè изненадува и едноставно не можеме да не се запрашаме дали тие навистина вредат за толку пари.

9. Изгледа дека постојат две категории костими за капење: за тинејџери и за старци

Многу често жените во средните години се чувствуваат непријатно во одредени модели и многу тешко можат да најдат од оние кои ги сметаат како соодветни за нивните години.

10. Можеби не ми треба нов костим за капење

По оваа мисла следуваат голем број изговори зошто не ви е потребен костим за капење, но не заборавајте дека вашето теле е прекрасно токму такво какво што е и воопшто нема потреба да се срамите од него…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар