10 луди работи кои луѓе ги направиле за да ги вработат
Некои луѓе навистина се подготвени да направат сè што е потребно за да добијат работа, а со оглед на фактот дека процентот на невработени луѓе е сè поголем секој ден, па за една работна позиција аплицираат десетици луѓе, навистина е потребно некако да се истакнеш. А тоа не е воопшто едноставно ниту лесно.
1. Еден дечко го вработиле откако купил реклама на Гугл користејќи ги имињата на потенцијалните работодавци
Алек Браунстајн навистина дошол до креативна идеја. Тој купил реклама од Гугл која се појавува прва и најгоре кога некој од извршните директори на големите фирми за маркетинг ќе си го прогугла своето име, а која всушност претставувала апликација за работа. Тоа што Браунстајн го чинело само 15 центи, успеало да му ја донесе работата што долго ја посакувал токму кога Ијан Рајхентал од „Young and Rubicam“го повикал на интервју и го вработил.
2. Жена од Џорџија ги искористила божиќните светилки за да го испише своето сиви
Со светлата, кои Лиз Хикок ги поставила на предниот дел од својата куќа, биле испишани зборовите: „Моја желба – работа во човечки ресурси, Лиз Хикок, Линкдин“. Токму оваа целосно креативна и иновативна идеја привлекла огромно внимание кај сите луѓе кои поминале пред нејзината куќа. Така таа добила многу предлози за работни места од луѓе кои поминувале пред куќата, а добила и многу пораки на Линкдин.
3. Еден човек целата своја заштеда ја потрошил на билборд реклама на која било испишано: „Спасете ме од имиграција“
Кога сите класични методи на аплицирање за работа не му успеале, 26-годишниот даблинец Фејлим Мак Ан Јомер, кој себеси се нарекувал безработниот Педи, ги потрошил и последните пари за да купи билборд на кој ги испишал зборовите дадени погоре и ја додал својата имејл адреса надевајќи се дека така ќе добие работа. Неговата луда инвестиција се исплатила кога во јуни бил вработен од ирската онлајн обложувалница PaddyPower.com.
4. Еден човек понудил бесплатна HD камера на Твитер за оној кој ќе му помогне да најде работа
Кога сите класични начини за да се најде работа не успеале ни за Џон Колби, тој решил да преземе малку поразлични мерки за да се вработи. Започнал т.н. Натпревар за да му се помогне на Џон Колби да најде работа на Твитер, а наградата била HD камера. Сега тој е вработен како операционен менаџер во „Affinity Architects“, иако не е потврдено дали е тоа резултат на натпреварот или не.
5. Овој дечко се послужил со интерактивно сиви кое му донело неверојатно многу понуди за работа
Грем Ентони, личност за односи со јавност и консултант за социјални медиуми, решил своето резиме и своите способности да ги презентира во едно видео. Бидејќи како што вели тој, иако нема ништо лошо во добриот стар традиционален начин на аплицирање за работа, сега начинот на комуницирање е многу променет и тој еволуирал во нешто повозбудливо и попристапно. Видеото го испратил до неколку компании, а понудите за работа почнале да се редат за многу кратко време. Иако примил премногу понуди, сепак сфатил дека е поисплатливо да работи сам за себе.
6. Потпретседателката на Thrillist.com била упорна во аплицирање за работа во CBS и на крајот ја добила работата
И додека некои веројатно одамна би биле избркани од обезбедувањето, на Флави Багнол сепак ѝ се исплатела упорноста. Сè откако завршила колеџ, таа имала желба да работи во CBS и постојано одела таму да аплицира за работата од нејзините соништа. Иако многу пати била одбиена, не откажувајќи се од својата замисла, таа конечно успеала да добие интервју и на крајот ја добила работата.
7. Кандидат за работа му понудил на потенцијалниот работодавец да му ги измасира стапалата
И бидејќи во краен случај се обидуваме со сè и сешто, нема причина зошто ова не би припаѓало во тој куп. Секако, кандидатот би го измасирал работодавецот само доколку е вработен.
8. Еден човек му испратил на работодавецот голем колач на кој било испишано неговото име
И зошто да не бидеме покреативни кога можеме? Иако знаеме дека добриот колач допира до секого, за жал не знаеме со сигурност дали овој десерт имал влијание врз одговорниот за човечки ресурси. Но тој сигурно уживал во десертот.
9. Некои луѓе се обиделе со вуду магијата на Доктор Снејк да добијат работа
Се чини дека сè повеќе луѓе се обидуваат со надреалното кога сите други опции се веќе исцрпени. Така, за 120 долари можете да купите магија која ќе ви ги зголеми шансите токму вие да ја добиете работата за која аплицирате и ќе ви ја зголеми самодовербата.
10. Двајца момци не можеле да се соочат со тешкиот пазар на трудот, па почнале да огласуваат реклами на нивните лица
Соочувајќи се со можноста да завршат факултет без да имаат работа и со многу долгови, двајцата студенти од Велика Британија Рок Харпер и Ед Мојзи решиле да ги изнајмуваат своите лица како место за поставување на реклами. Тие ги бојат логоата на компаниите и потоа се појавуваат во гужви за да бидат видени од што повеќе луѓе. Исто така ги споделуваат сликите на нивните профили на социјалните мрежи. Па и ова е добар бизнис кога веќе не може да се најде работа.
Ova Kafe Pauza e ubava pauza za odmor