10 изненадувачки факти за вегетаријанците

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

Повеќето луѓе ги дефинираат вегетаријанците како луѓе кои не јадат место, но ова не е секогаш вистина. Некои од нив свесно консумираат месо, а дури и најтврдокорните вегетаријанци можеби не можат да му одолеат на месото кога се пијани. Во продолжение прочитајте неколку факти за вегетаријанци кои веројатно не сте ги знаеле.

1. Вегетаријанскиот начин на исхрана бил нарекуван „Питагоров“

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

„Вегетаријанец“ е всушност нов збор создаден во 19-тиот век. Претходно исхраната без месо се нарекувала „Питагорова“. Веројатно претпоставивте, именувана е по грчкиот математичар и астроном Питагора. Питагора престанал да јаде место, не од здравствени или од етички причини, туку бидејќи верувал дека мртвите луѓе биле реинкарнирани како животни.

Питагора јадел само леб, мед и зеленчук. Многу од неговите следбеници го прифатиле неговиот начин на исхрана. Тој се обидел да им ја покаже диетата на Грците, но неуспешно бидејќи јадењето месо било всадено длабоко во нивната култура.

2. 84% од вегетаријанците се враќаат на месото во рок од една година

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

Едно истражување спроведено од страна на Советот за човечки истражувања на САД, открило дека 84% од модерните вегетаријанци се откажуваат од новиот начин на исхрана една година откако започнале. Во истражувањето учествувале 11.000 вегетаријанци, поранешни вегетаријанци и луѓе што јадат месо од САД. Според истражувањето, 88% од Американците над 17 години никогаш не биле вегетаријанци, 10% биле и престанале и 2% останале вегетаријанци. Но, само 1 во 5 вегетаријанци продолжува со тој начин на исхрана.

Третина изјавиле дека му се вратиле на месото откако започнале врска со личност која јаде месо. Други го направиле тоа од здравствени, финансиски или социјални причини. Сепак, сите поранешни вегетаријанци јаделе помалку месо вториот пат.

3. Постојат разни видови вегетаријанци

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

Како вегетаријанци се сметаат луѓе кои не јадат месо. Не сите се придржуваат до правилото, но најчесто консумираат растителна храна.

Веганите се во малцинството вегетаријанци и нивниот начин на исхрана е најстрог. Тие не консумираат месо и риба и не користат животински продукти како мед, млеко и јајца. Исто така избегнуваат производи како свила, кожа и волна.

Лакто-вегетаријанците се како веганите, но консумираат и млечни производи. Ово-вегетаријанците јадат исто што и веганите, но консумираат и јајца. Лакто-ово-вегетаријанци се комбинација од двете и повеќето вегетаријанци спаѓаат во оваа категорија.

Постои и група која јаде само пилешко, група која јаде само риба и морска храна и група која одвреме-навреме јаде месо. Некои не ги прифаќаат овие начини на исхрана како вегетаријански бидејќи главната цел е да се прекине консумирањето месо.

4. Некои вегетаријанци јадат само месо од кенгур

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

Во Австралија се појавила нова група вегетаријанци. Овие луѓе консумираат само месо од кенгури, а престанале со јадење друго место од етички причини. Тие не го сакаат начинот на кој животните се третираат во фармите. Бидејќи во Австралија има многу кенгури кои се диви и не се одгледуваат на фарма, овие луѓе ги јадат. Наводно, кенгурите се „позелена“ варијанта за месо бидејќи не произведуваат метан, за разлика од добитокот на фармите.

5. Луѓето стануваат вегетаријанци најмногу од две причини

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

Луѓето стануваат вегетаријанци од здравствени или етички причини. Етичките вегетаријанци не се загрижени за влијанието на месото врз нивното здравје. Тие веруваат дека животните не треба да се користат за храна бидејќи не се овде за да ги задоволат нашите потреби.

Оние кои стануваат вегетаријанци од здравствени причини најчесто сакаат да ослабат или да го намалат холестеролот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар