10 идеи за летен одмор покрај најубавите европски езера

10 идеи за летен одмор покрај најубавите европски езера

Летото е дел од годината кога сите посакуваме да поминеме барем 7 дена покрај вода, а има и зошто е тоа така. Животот покрај езеро или море изгледа доста побезгрижен отколку низ улиците на големите градови. Европа располага со голем број езера покрај кои секој турист може да ужива и да го пронајде својот внатрешен мир. Едно од најпопуларните езера на континентот се наоѓа во нашата држава. Погледнете каде сè може да одморите ова лето и изберете ја дестинацијата која најмногу ви одговара:

1. Езерото Комо во Италија

10 идеи за летен одмор покрај езерата во Европа

Италијанските езера се одличен избор за да се запознае Европа. Езерото Комо важи за едно од најфотогеничните, а својата популарност ја задржало уште од дамнешните римски времиња, па сè до денеска.

2. Езерото Гарда во Италија

10 идеи за летен одмор покрај езерата во Европа

Ова е најголемото глечерско езеро во Италија, а прекрасниот видик го надополнува и планинскиот венец на Доломитите. Освен што е популарно меѓу оние кои сакаат одмор покрај езеро, го обожаваат и велосипедистите кои возат долж брегот.

3. Езерото Маџоре во Италија

10 идеи за летен одмор покрај езерата во Европа

Ова езеро се протега меѓу Италија и Швајцарија, а било инспирација и за популарниот Ернест Хемингвеј. Според туристите, вистинската магија на езерото може да се почувствува најмногу од швајцарската страна.

4. Женевското Езеро во Швајцарија

10 идеи за летен одмор покрај езерата во Европа

Швајцарија е земја богата со повеќе езера, а Женевското го дели и со Франција. Иако природата е прекрасна, локалните жители ретко го користат неговиот потенцијал за одмор и релаксација.

5. Езерото Луцерн во Швајцарија

10 идеи за летен одмор покрај езерата во Европа

Ова езеро се наоѓа на околу 50 километри јужно од Цирих и може да се стигне и со специјалните железнички линии. Луцерн со целата своја површина припаѓа само на Швајцарија.

6. Бледското Езеро во Словенија

10 идеи за летен одмор покрај езерата во Европа

Бледското Езеро е еден од најубавите бисери на Словенија. Во центарот на езерото се наоѓа црква, а природата наоколу придонесува глетката да изгледа како да е излезена од разгледница.

7. Езерото Саима во Финска

10 идеи за летен одмор покрај езерата во Европа

Ова е едно од илјадниците езера на територија на Финска, која уште е позната и како „земјата на илјада езера“. Опкружено е со прекрасна зелена шума, а одличен избор е и за летен и за зимски одмор.

8. Скадарското Езеро во Црна Гора и Албанија

10 идеи за летен одмор покрај езерата во Европа

Ова езеро се наоѓа на границата помеѓу Црна Гора и Албанија и е дом на многу ендемични видови животни и растенија. Туристите тука можат да уживаат во својот одмор, но и да се посветат на кајакарење.

9. Езерото Врана во Хрватска

10 идеи за летен одмор покрај езерата во Европа

Иако Хрватска е најпозната по брегот на Јадранското Море, езерото Врана е една исто така позната дестинација која е оддалечена од познатите плажи. Се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од Задар, а туристите можат да се сончаат и капат исто како и на морскиот брег.

10. Охридско Езеро во Македонија

10 идеи за летен одмор покрај езерата во Европа

Најголемиот дел од Охридското Езеро се наоѓа на територијата на Македонија, каде се сместени и најубавите туристички капацитети на самиот брег. Најпознати градови се Охрид и Струга, кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите од Европа.

Дознајте и кое е најчистото езеро во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар