10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

Сте се запрашале ли некогаш што точно се крие зад сцените на оваа ТВ серија? Погледнете ги наредниве 10 фасцинантни факти кои со сигурност ќе ве изненадат и ќе направат да ги засакате уште повеќе вашите омилени ликови…

1. Некои од нашите омилени карактери никогаш не биле дел од стриповите

10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

И покрај тоа што Мерл и Дерил Диксон станаа нашите најомразени и најсакани ликови на малите екрани, тие всушност никогаш не биле дел од стриповите „The Walking Dead“. Браќата Диксон, заедно со Саша, се креирани од страна на продуцентот Френк Дарабонт кој сакал нови карактери со цел да се освежи приказната.

2. ТВ серијата еднаш била мета на полицијата

Дарабонт со сигурност зажалил за одлуката да го измисли ликот Мерл во оној момент кога за време на првата сезона набљудувачи повикале полиција бидејќи мислеле дека тој е лудак кој стои на кров со снајпер. За само неколку секунди се појавиле специјалци кои брзо откриле дека станува збор за снимање.

3. Во план било „T-Dog“ да умре порано

10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

Кога сме на темата за ликови кои не постоеле во стриповите, „T-Dog“, карактер чие полно име беше Теодор Даглас, требало да биде дел од само 3 епизоди во првата сезона. Но, тој станал толку популарен што продуцентите решиле да го поштедат од смртта и да го задржат до 3-тата сезона.

4. За време на снимањето, мртвите се тивки суштества

Сите љубители на оваа ТВ серија многу добро знаат како звучат гладните мртви, но дали сте знаеле дека нивните звучни ефекти се додаваат во пост-продукцијата? Всушност, поголемиот дел од мртвите за време на сцените се екстремно многу тивки со цел да не се наруши атмосферата или пак, да не се одвлекува вниманието на глумците.

5. Мртвите никогаш не трепкаат

10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

Една од најголемите карактеристики на мртвите во оваа ТВ серија е што тие никогаш не трепкаат. Доколку некогаш се сними трепкање кај некои од нив, тоа веднаш се исфрла. Ако добро размислите, ова до некаде има смисла, бидејќи тие едноставно не поседуваат доволно основни способности за да ги движат нивните екстремитети соодветно, па трепкањето само дополнително би ги бунело.

6. Карл Грајмс е фан на стрипови

Во оваа ТВ серија често можеме да забележиме мали знаци од други ТВ серии, филмови или стрипови. За време на првите 3 сезони, Карл носи маица на која има цртеж со шепа од куче. Овој цртеж е всушност логото на „Science Dog“, карактер кој исто како оваа приказна, бил креиран од Роберт Киркман за стрипот „Invincible“.

7. Дублерите на Карл се всушност девојки?

10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

Се сеќавате на сите оние драматични сцени со многу акција? Верувале или не, позади нив стои тим од искусни дублери кој многу наликуваат на актерите кои ги заменуваат. Но, она што е навистина интересно е што сите дублери на Чендлер Ригс (Карл Грајмс) кој е 15-годишно момче, поради својата мала градба се девојки: 31-годипната Ешли во петата сезона, 29-годишната Емили Бробст во четвртата сезона и 31-годишната Савана Џејд Вихант во третата сезона.

8. Што всушност јадат мртвите?

И покрај тоа што изгледа како мртвите навистина да јадат човечко месо и органи, реалноста не е толку одвратна. Тимот кој се грижи за специјалните ефекти е екстремно креативен, па токму затоа она што вам ви изгледа како човечко месо е всушност шунка потопена во оцет. Покрај шунката, за снимањето се користат и други видови храна како на пример, желе од грозје, од кое бил направен глушецот кој Лизи ќе го подаде на едно од овие суштества во четвртата сезона.

9. Луѓето и мртвите не се мешаат зад сцената

10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

Јадењето е многу важен дел во „The Walking Dead“, бидејќи и мртвите и луѓето постојано се во потрага по храна, но зад сцените работите се малку поинакви. Луѓето и „зомбињата“ јадат во различни простории со цел да се одржува тензијата на високо ниво кога тие повторно ќе се вратат на снимање.

10. Традиционалната вечера на смртта во оваа ТВ серија не е толку ужасна како што звучи

Сте знаеле ли дека постои традиција секогаш кога ќе умре еден од главните карактери, останатите ликови да организираат „вечера на смртта“ во негова/нејзина чест? Оваа вечера им овозможува на сите да се збогуваат со својот пријател…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар