10 чудни човечки и животински навики за размена на подароци

10 чудни човечки и животински навики за размена на подароци

Без разлика кои сте или од каде доаѓате, секој сака да добива подароци. Какви се подароците… тоа е веќе друго прашање.

(5)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mk

1. Вашата мачка не ви го дава нејзиниот плен само како знак на благодарност или великодушност. Таа веројатно ги забележала вашите очајни ловечки способности и се обидува да ве научи, исто како што ги учи своите мали мачиња.

(8)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mk

2. Во текот на сезоната на парење, мажјакот мора да го декорира гнездото во соодветни бои, прифатливи за женката. Ако женката не е импресионирана од неговиот дизајнерски вкус, може да одлета кај друг мажјак.

(3)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mk

3. Истражување спроведено на Универзитетот Дјук покажа дека мајмуните бонобо доброволно ја споделуваат својата храна, дури и со непознати бидејќи сакаат да се социјализираат и уживаат во секоја интеракција. Но тие ќе ги споделат своите богатства без разлика дали ќе се формира нова врска.

(0)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mk

4. Луѓето од племето Масаи од Кенија и Танзанија плукаат на предметите кои имаат намера да ги подарат. Тие тоа го прават поради обострана почит. Плукањето се смета како благослов, а не навреда.

(4)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mk

5. Омијаги (јапонски збор за сувенир) во Јапонија се сфатени сериозно, така што постои општествена одговорност да донесете подароци за вашето семејство и колегите кога ќе се вратите од одмор.

(6)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mk

6. Кога авиокомпанијата Јунајтед воведе лет од прва класа до Хонгконг, вработените и патниците ги даруваа со бели каранфили без да знаат дека во тој регион од светот тоа значи несреќа и смрт.

(1)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mk

7. Во Азиските култури се избегнува да се подарува огледало на свадби. Бракот треба да трае додека смртта не ги раздели сопружниците, па поради кршливоста на огледалото и несреќата што ја симболизира скршеното огледало, се смета како ризичен подарок.

(2)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mk

8. За Денот на мртвите некои семејства трошат повеќе од две месечни плати на подароци и декорации во чест на мртвите роднини, со надеж дека нивните духови ќе им обезбедат заштита, среќа и мудрост.

(7)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mk

9. Без разлика дали тоа бил убав камен, коска, заб од животно, гранка од дрво или каков било друг предмет од природата, подарувањето било вообичаено многу векови пред да се создадат напредните цивилизации.

(9)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mk

10. Постои традиција ловците на китови од племето Инупиак да споделат голем дел од својот улов со останатите соселани. За возврат, стекнуваат почит во селото и си обезбедуваат повисок статус во општеството.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар