Како да направите фотки за паметење?

Како да направите фотки за паметење?

Сакате да им дадете професионален шмек на вашите фотографии? Кен Кобре, професор по фоторепортерство на државниот универзитет во Сан Франциско, објаснува дека посветувањето внимание на неколку детали може да направи многу голема разлика. Книгата на Кобре „Фоторепортерство: професионален пристап“ се изучува на повеќе од 125 универзитети низ земјата.

Претворете го вообичаеното во извонредно

Дигиталната фотографија ви овозможува да правите многу обиди, така зголемувајќи си ги шансите да добиете перфектна фотографија.

Првиот чекор за да постанете професионалец е да сликате двојно повеќе.“

Како да направите фотки за паметење

Кобре презентира 10 совети за трансформирање на обидите во фотографии за паметење:

1. Доближете се

Ова е совет од легендарниот воен фотограф Роберт Капа кој рекол:

„Доколку твоите слики не се доволно добри, не си бил доволно блиску.“

Често клучот за да и дадете привлечност на фотографијата, е да му се доближите на субјектот и да ги фатите неговите детали, притоа оставајќи ги ирелевантните нешта во позадина.

Како да направите фотки за паметење

2. Кога фотографирате луѓе, имајте трпение

Оставете време луѓето да се навикнат на вас, пред да почнете да сликате. Кога тие ќе заборават дека апаратот е тука, со сигурност ќе добиете поприродни и искрени слики.

Како да направите фотки за паметење

3. Пред да почнете да сликате, фиксирајте ја позадината преку визирот

Осигурајте се дека аглите и рабовите се интересни, не само централниот дел. Најдете интересни и комплементарни форми по должина на рабовите, за да бидете сигурни дека фотографиите нема да бидат досадни и пренатрупани. Откако ќе ја фиксирате позадината, поставете го субјектот и сликајте.

Како да направите фотки за паметење

4. Избегнувајте го „ефектот џунгла“

Ова се случува кога околните форми и бои го преземаат вниманието од субјектот на фотографијата. Еден трик за изоставување на позадината надвор од фокусот е да останете блиску до субјектот и да му се доближувате.

Како да направите фотки за паметење

5. Не употребувајте блиц, доколку не е неопходен

Светлото изгледа неприродно и ги мие боите и цртите од лицата. Дигиталната фотографија нуди широк спектар на опции кои можат да ви помогнат да го извлечете максимумот во ситуации со послабо светло. Експериментирајте малку! Исто така земете ги предвид различните видови блиц, кои нудат поприродна светлина.

Како да направите фотки за паметење

6. Избегнувајте да сликате на отворено, среде бел ден

Блескавата дневна светлина е непријатна и го избледува вашиот субјект. Наместо ова, обидете се да го фатите вашиот субјект за време на изгрејсонце и зајдисонце кога има богати нијанси на бои и долги сенки. Доколку морате да сликате среде ден, поместете го вашиот субјект под сенка каде што нема да е директно изложен на сончевата светлина.

Како да направите фотки за паметење

7. Пробајте да сликате повеќе вечерни фотографии

Ноќта нуди интересни сенки и светлина за да направите уникатни фотки. Навечер можете да го искористите блицот, уличното светло или пак празничните светилки доколку даваат задоволителна светлина. При недостаток на светлина можете да употребувате и триногарка за да дозволите подолга експозиција.

Како да направите фотки за паметење

8. За поинтересни слики, не инсистирајте луѓето да ви позираат

Наместо тоа, обидете се да ги фатите за време на некоја активност, така што фотографијата ќе кажува нешто за нивната личност или за нивните интереси.

Како да направите фотки за паметење

9. Доколку сакате субјектот да ви позира, оставете го да заземе комфорна, природна позиција

Избегнувајте да фотографирате некој кој стои или седи исправено, затоа што овие напнати пози изгледаат непријатно и не кажуваат ништо за личноста.

Како да направите фотки за паметење

10. Доколку фотографирате портрет, вклучете предмет кој ќе кажува нешто

Омилениот предмет или играчка поврзана со хобито, навиките или бизнисот на субјектот ќе ви помогнат да ја комплетирате неговата приказна.

Како да направите фотки за паметење

Додека дигиталните камери почнуваат да се употребуваат сè почесто, многу луѓе се запрашуваат дали дигиталното работи подобро од филмот. Кобре слика и со дигитален и со апарат кој работи на стандарден филм, велејќи дека и двата имаат свои предности.

„Една голема предност на дигиталниот апарат е тоа што можете веднаш да го видите резултатот. Минус е што кај поевтините апарати, има задоцнување помеѓу притискање на копчето и замрзнување на сликата. Тоа го отежнува процесот на добивање искрени фотографии.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. kihuПотру Reply

    !excellent.

Остави коментар