6 начини да јадете како спортист

6 начини да јадете како спортист

Храната, после вежбањето е многу важна за спортистите. Прочитајте ги тајните во нивната исхрана и почнете да ги практикувате.

1. Појадувајте. Секој ден!

6 начини да јадете како спортист

Спортистите не се вртат во кревет по неколку минути наутро. Тие стануваат и веднаш почнуваат со интензивно вежбање од 2 часа. По вежбањето, појадуваат оброк кој е богат со протеини. Ако немате време наутро, не грижете се – не сте единствени, но не заборавајте дека појадокот е задолжителен.

2. Јадете повеќе оброци во текот на денот

6 начини да јадете како спортист

Спортистите јадат во текот на целиот ден, како би можеле да го одржат енергетското ниво. Нив никогаш нема да ги видите како јадат од чинија полна со многу храна.

3. Чувајте ги ужинките при рака

6 начини да јадете како спортист

Што има во чантата на спортистите? Изобилство од енергетски грицки и ужинки за да го задоволат нивниот глад. Тие своите ужинки ги планираат однапред и секогаш ги имаат при рака.

4. Протеините се задолжителни (и тоа не само од месо)

6 начини да јадете како спортист

Секој оброк на спортистите треба да содржи протеини. Тоа е така затоа што протеините ја оформуваат мускулната маса.

5. Земете по една банана

6 начини да јадете како спортист

Спортистите знаат дека овошјето е клучен и најважен извор на шеќери во нивната исхрана. Бананата е број еден овошје на кое спортистите „му се поклонуваат“.

6. Збогувајте се со газираните пијалаци

6 начини да јадете како спортист

Газираните пијалаци се прецртани на листата на неопходни продукти кои треба да ги внесуваат. Кога станува збор за внесување течности, спортистите знаат дека водата е клучна и есенцијална. Дури и кога пијат спортски пијалаци, тие знаат дека потоа треба да ги согорат внесените калории.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар