12 трикови со кои луѓето се служат за да ве изманипулираат
Ако им дадете шанса на луѓето, тие ќе се обидат да ве изманипулираат на еден или на друг начин. Тоа е тажна реалност, но сепак е дел од нашите животи. Бидејќи знаењето е најдобрата одбрана, прочитајте ги овие 12 техники, кои луѓето ќе се обидат да ги употребат на вас, за да го добијат тоа што го сакаат. Ако ги знаете триковите, нивната цел ќе биде безуспешна, а вашите чувства неповредени.
1. Некој ви наметнува тешка обврска без да забележите
Некој намерно ве убедува да се обврзете на нешто во конкретно определено време, кога вие преферирате да кажете „не“. Ова најчесто се случува кога некаде брзате или кога сте многу уморни.
Пример: Во 17 часот во петок, додека излегувате од вашата канцеларија тргнати накај дома, ваш колега ве замолува да завршите неколку работни задачи место него, додека е тој на годишен одмор. Вие му одговарате: „ОК, нема проблем, испрати ми имејл со деталите“. Во понеделник наутро, сфаќате дека задачите кои колегата ви ги подметнал, биле всушност многу обилни и ќе ви одземат доста од вашето работно време.
2. Погрешно тврдење дека нешто е факт, а всушност е популарно верување
Станува збор за оној тип ситуации кога некој ви тврди за нешто дека е неприкосновен факт, само бидејќи така се зборува низ чаршија.
Пример: Не ти го зборам ова само врз основа на мое мислење. Девет од десет доктори велат дека тие таблети за слабеење, не можат никако да му наштетат на здравјето.
3. Употреба на сложени зборови, за да се објасни нешто многу просто
Некои луѓе честопати користат некои зборови, чие значење ни самите не го знаат или го научиле од Вујаклија за да звучат попаметно. Ваквата манипулација особено се случува во бизнис-светот на високата технологија, преку употреба на некои комплексни жаргони и термини, кои се користат како тактики, со кои ќе ве натераат да се сложите на нешто, кое не го разбирате целосно.
Пример: AMD вадат нов Catalyst драјвер секој месец и доколку промовираат нов графички чип, во меѓувреме вадат и додатни бета драјвери кои интензивно ги промовираат преку медиумите. -Молам??
4. Злоупотреба од некој кој има авторитет над вас
На некој ќе му биде многу полесно да ве убеди, доколку вам таа личност ви се допаѓа или доколку има авторитетна позиција над вас.
Пример: Полицаец ви доаѓа дома на врата и ви вели дека е легално за него, да влезе и да ви го претресе домот. Бидејќи тој е сепак полицаец на службена должност, вие верувате дека ви ја кажува вистината и покрај тоа што тој не ви покажал налог за претрес.
5. Кога некој бара од вас нешто неразумно, а потоа глуми разочаран
Ова се оние ситуации кога некој од вас бара нешто прекумерно, кое вие (а и секој друг) најверојатно би го одбиле. Потоа тој делува разочарано и после 5 секунди повторно ви бара нешто помалку амбициозно, кое е поверојатно дека ќе се сложите да му го дадете.
Пример: „Ќе донирате ли 6.000 денари за нашата кауза? -Не можам да си го дозволам тоа. Ох. Во ред. А можете ли да донирате 300 денари, тогаш?“
6. Донесување заклучоци базирани на нешто што е сосема неповрзано со темата на разговор
Ова се оној тип ситуации кога некој се обидува да ве убеди дека тоа што го зборува е вистина, на начин што ви изнесува некаков заклучок, кој никако не е поврзан со информацијата која се обидува да ви ја наметне.
Пример. „Оваа бебешка храна е збогатена со витамини и минерали. Екстремно е здрава. Ако и понатаму продолжиш да купуваш бебешка храна од други производители, го занемаруваш здравјето на твоето бебе.“
7. Создавање илузија дека некој производ го има во ограничени количини
Ако некој производ го има во ограничени количини, најчесто има огромен интерес од страна на потрошувачите за негово купување. Тоа е маркетиншки трик, кој производителот ви го прави, бидејќи производите (и воопшто можностите) кои се ограничени, се попримамливи и е поверојатно дека ќе ги купите, па него добро ќе му „тргне“ бизнисот.
Пример: „Продажбата на овој производ трае само еден ден. Понудата е ограничена. Купете си го, пред да го распродадеме.“
8. Благо искривување на реалноста
Ова е ситуација кога некој успева да ве натера да се сложите на нешто, кое според вас не е идеално, на начин што ви го претставува малку подобро одошто е.
Пример: „Масата ќе биде подготвена за 5 минути.“ 5 минути ќе звучат многу подобро во вашиот мозок, отколку 15, доколку сте многу гладни нели?
9. Менување на темата, со цел да ве наговорат на нешто
Ова се случува кога некој намерно се обидува да го пренасочи вашето внимание од една на друга тотално неповрзана тема, со цел да ве убеди во некој свој став.
Пример: „Ти се допаѓа онаа песната од Ејми Вајнхаус „Валери“? Мене многу ми е интересна, а и пејачката убаво пее. -Вајнхаус е тежок алкохоличар. Виде што се случи на нејзиниот концерт во Белград? Толку беше пијана, што не можеше еден стих да отпее. Луѓено за џабе си фрлија толку пари за карта. Сакаш и тебе да ти се случеше тоа, како на кутрата српска публика??“
10. Претпоставка за вина
Ова се ситуации, кога некој без да ве праша, претпоставува дека сте виновни и веднаш почнува да ве напаѓа.
Пример: „Ги видов модриците на грбот на твојата девојка. Па ме интересира, кога реши дека тепањето е најдоброто можно решение за надминување на вашите љубовни проблеми??“
11. Создавање чувство на страв и нудење решение за него
Некој си поигрува со вашите емоции, така што на суптилен начин создава во вас чувство на страв и во моментот кога ќе забележи дека вие се трудите да смислите решение за проблемот, самиот ви го нуди решението.
Пример: „Начинот на кој ти ги извршуваш твоите работни обврски, не се покажа како доволно успешен. Директорот ме советуваше, вработените кои не се снаоѓаат добро во оваа фирма, да ги ставам на пробен период. Но, јас сакам да ти дадам уште една шанса, да ми ги покажеш твоите способности. Ќе ти пречи да работиш оваа сабота, така што ќе си помогнеш во градењето добра репутација во оваа компанија?“
12. Барање нешто ситно, а потоа добивање нешто поголемо
Ова се ситуации кога некој бара од вас некоја мала услуга и откако ќе се сложите, бара нешто поголемо, кое е наводно неопходно за остварување на првата услуга.
Пример:
Синот: Мамо, може да излезам надвор на еден час, да се видам со другар ми Антонио?
Мајката: Може.
Синот: Мамо, штотуку зборев со Антонио на телефон и тој ми рече дека ќе одел во кино. Може да одам и јас со него?
Мајката: Оди.
Синот: Имам само 100 денари. Ќе ми дадеш уште 200, за да си платам карта за влез и превоз?
Ви се случило ли некогаш некој да ве изманипулира со вакви или слични трикови? Споделете го вашето искуство со нас.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Odlicno
tesko moze nekoj da me stavi vo vakva situacija, dosta sum spretna vo iznaoganje na resenija momentalno taka da site treba da se vezbaat vo svojata spretnost i resitelnost da ne popostat i da svrtat situacijata vo svoja korist .
Ova so AMD drajverive stvarno ne e za prosti i ne e nauceno na pamet. Toa sto vie si nemate pojma od tehnologijata nikoj ne vi e kriv. I kako e toa nacin na manipulacija>? Kako so taa recenica tie ve manipuliraat?
Kiss
Многу хејтерски Стефан, непотребно. Можеби не си ја сфатил поентата, можеби не се сложуваш, како и да е. Тоа за AMD е пример и нема врска со нашата „појма“ за технологија. Истото важи и за секоја друга компанија која ги користи своите јавни излагачи за да не збуни со цел да ни го продаде производот или услугата што ја нуди. А тоа е манипулација. Се надеваме дека сега е појасно. 🙂
кога некој сака да тиа наметне одговор. На пр. Не сум крив за ова што се случи, нели?
mnogu mrazam manipulanti, a se poveke se razmnozuvaat