Близначка ѝ го спасила животот на сестра ѝ во мајчината утроба

Близначка ѝ го спасила животот на сестра ѝ во мајчината утроба

Андреа Гудрич била 20 седмици бремена кога ги слушнала тажните вести дека е неизбежно да ги изгуби двете бебиња. Како и да е, вчера таа ги лулкала нејзините две здрави ќеркички, откако едната ѝ го спасила животот на другата, уште пред тие да се родат.

Резултатите од ултразвукот направени во текот на бременоста, откриле дека едно од девојчињата, Кики, имало проблем со срцето, а воедно и плодовата течност истекувала од плацентата. Зачудувачки, нејзината сестра Нико се позиционирала себеси ниско во матката, при што заземала улога на затка, со што го спречила спонтаниот абортус и опасноста од инфекција.

Близначка ѝ го спасила животот на сестра ѝ во мајчината утроба

Од десната страна е Нико, ангелот-чувар на Кики (лево).


„Ние навистина веруваме дека таа била во улога на ангел-чувар на својата сестричка – вели триесет и девет годишната г-ѓа Гудрич од Суреј, Англија. Јас сум најсреќната мајка на светот! Според наведените причини и после сè што се случи, близначките не требаше да бидат на овој свет. Звучи неверојатно, но изгледа како Нико да почувствувала дека нешто не е во ред. Таа ѝ го спаси животот на Кики.“

Близначка ѝ го спасила животот на сестра ѝ во мајчината утробаГ-ѓа Гудрич и нејзинит сопруг Пол (46) кој е директор во компанија, веќе имаат четиригодишен син, кој се вика Лука и ќерка – Индија, која има две годинки.

Целата драма започнала кога г-ѓа Гудрич отишла на рутински преглед на 20 седмици од нејзината бременост и докторите забележале чуден обрач околу срцето на Кики.

„Бев препратена на преглед во болница во Лондон за да ми направат понатамошни испитувања, но за два дена почнав да крвавам и докторите ни рекоа дека имам оштетување на плацентата, што значеше дека плодовата течност истекува.“

Докторите објаснувале дека за само 20 седмици, бебињата немаат шанси да преживеат ако се родат. Сè што можел да направи болничкиот персонал, е да ја задржи Андреа на болнички кревет и да го чека, неизбежното пометнување.

„Јас и Пол се подготвувавме за најлошото“– вели г-ѓа Гудрич.

Но, докторите беа вчудоневидени кога направија ултразвук и ја видоа Нико како лежи под Кики во плацентата.

„Уште почудно е тоа што Нико останала во истата позиција. Многу ни олесна кога стигнавме до 24-тата седмица, бидејќи знаевме дека секој нареден ден што ќе го поминат во плацентата, значи големо зголемување на шансите за нивно преживување.“

После 30 недели бременост, Андреа се породила со царски рез. Прва се родила Нико и тежела 1,5 кг, а после 5 минути и Кики, која тежела 1,4 кг.

„Мене ми изгледаа дека се многу малечки, но докторите ми рекоа дека имаат добра телесна тежина, со оглед на фактот што Нико успеа да ги одржи да останат внатре цели 10 седмици“ – вели г-ѓа Гудрич.

Двете девојчиња биле дадени на специјална нега, при што Нико била само 6 недели, а Кики цели три месеци. Сите тестови од тогаш навака, велат дека срцето на Кики е во ред.

Докторите не знаеле што е тоа што го виделе на ултразвукот. Но, сега срцето на Кики ѝ е совршено здраво. Сопружниците рекле дека забележале дека нивните двојајчани близнаци, кои сега имаа седум месеци, секој ден сè повеќе си личат меѓу себе.

„Тие сакаат секогаш да се гледаат лице в лице и секоја од нив веќе умее да ја насмее својата сестричка. Кога ќе пораснат, ќе им објасниме на двете, дека причината поради која што тие имаат толку цврста меѓусебна врска, не е бидејќи делеле иста матка, туку бидејќи пред да се родат, Нико ѝ го спасила животот на Кики“ – додава г-ѓа Гудрич.

Семејството Гудрич се поддржувачи на „Спаркс“, добротворна организација, која е посветена на истражување на состојбите кои негативно влијаат врз бременоста на идните мајки.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. anna Reply

    doktorite se uzas,znaat samo da zaplasuvaat namesto da utesat i da se potrudat da napravat se,istoto se sluci so mojata sestra koga za vreme na bremenosta se zdobi so bolki poradi krevanje na tovar,i ginekologot ni rece taa ke prezivee ,a bebeto tesko.pri vtoriot napad na bolki se porodi vnuk mi bese 1kg i 600 gr,vo neceli 7 meseci,i bese dolg 52 cm.2-3 nedeli bese vo inkubator i bese sosem zdrav sto neni mozea da go ostavat seuste vnatre od pretanje.i koga toj ‘doktorot opasen”ja vide situacijata se izgubi.znaci celata rabota bese sto od pocetokot na bremenosta sestrami neodela kaj nego,i posle barate xumanost vo denesnive doktori kriminalci bezobrazni.

  2. Anomis Reply

    doktorite te spremmat za najloso…ne sakaat da dadat nadez za dzabe da kazat se e ok pa posle da gi tuzite

  3. Blagica Dzidrova Reply

    Колку се слатки бебенцата а инаку докторите секогаш ја кажуваат реалната состојба!

Остави коментар