Топ 5 содржини за изминатата недела (1.8.-7.8)

Топ 5 содржини за изминатата недела (1.8.-7.8)

Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза изминатава недела.Топ 5 содржини за изминатата недела (1.7.-7.8)

1. Листа на летни романтични филмови

Летото е период кога обично имаме повеќе време одошто ни е потребно, но и сакаме да го искористиме најопуштено, без многу размислување и со што е можно повеќе излежување пред телевизорот во жешките часови од денот. Овие 10 филма со сигурност ќе ù се допаднат на женската популација помеѓу 13 и 35 години, но ако случајно станат избор и на момците, ние никому нема да кажеме.
.

2. Кул пешкири за на плажа

Пешкирите се неопходност во нашето секојдневие, кои со својата едноставна правоаголна форма, еднобојни или шарени, сепак си ја вршат својата основа функција – ги впиваат капките од нашата навлажнета кожа и ни пружаат удобност и комоција после капење. Но, како што има креативност во сè друго, така постојат и креативни пешкири со кои би било кул да се појавите на плажа. Кој од овие би бил вашиот избор?
.

3. Направете си блескави нокти во домашни услови

Женските раце секогаш изгледаат нежно, модерно и уметнички доколку се убаво излакирани. Затоа, преку три видео туторијали, ќе ви прикажеме како да си направите блескави, фенси нокти, кои се прелеваат во неколку нијанси и бисерно блескаат на врвовите.
.

4. Што сè имаме научено од филмовите

Скоро сите луѓе уживаат во добар филм. Различните жанрови ни овозможуваат, зависно од расположението, секогаш да го одбереме оној кој во дадениот момент најмногу ни одговара. Но, колку и да изгледаат реално и вистинито, многу работи во филмовите всушност се смешни доколку малку помислиме на нив. Сепак, скоро секогаш ги прифаќаме како такви. Ова се само мал дел од нив.
.

5. Астрологијата и вашето справување со староста

Дали сè уште ќе носите мини здолништа, модерни очила за сонце и кул облека кога ќе имате 50 години? Или прерано ќе се помирите со фактот дека сте стари и немате што да правите повеќе со себеси? Ќе бидете кул старче или досадна баба/дедо? Некои хороскопски знаци грациозно се справуваат со староста, а други бесно се борат со неа. Во која категорија спаѓате вие?

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар